7 производи кои треба внимателно да ги купувате на акциските намалувања
Акциското намалување на производите пред истекувањето на рокот на траење е одлична прилика да купите некои производи по доста пониска цена, но за некои од нив би требало да размислите два пати. Во продолжение ви откриваме за кои производи станува збор.
1. Храна во конзерви што се „надуле“
Конзервираната храна има долг рок на траење, но тоа не значи дека не може да се расипе во текот на рокот на траење. Доколку забележите надувана конзерва, немојте да ја купувате. Тоа најчесто се случува поради бактеријата Clostridium botulinum која предизвикува ботулизам.
2. Душеци
Можеби ви изгледа паметно да купите скапо парче мебел на намалување, но запрашајте се зошто тој производ е намален. Трговецот можеби сака да се ослободи од душеците кои имаат некаква грешка или се лошо изработени. Проверете пред да го купите, бидејќи на него ќе спиете со години.
3. Храна за бебе
Колку повеќе се наближува крајот на рокот на траење на некој производ, толку повеќе се намалува и хранливата вредност во него. Детската храна во прав пред истекување на рокот на траење е сигурна за купување, но исто така е и оскудна во нутриционистички поглед. Сетете се дека со неа ќе ги храните вашите малечки.
4. Витамински суплементи
Голтањето витамински суплементи пред истекување на рокот на траење не би требало да ви наштети, но нивната вредност се намалува со оглед на количината на време која ја поминале на полицата во маркетот. Размислете дали се исплаќа да заштедите пари за купување на овие додатоци на исхраната, ако мора да ги пиете забрзано за да ги потрошите во посакуваниот рок.
5. Кујнски зачини
Многу суви зачини би требало да се менуваат еднаш годишно. Доколку ги чувате подолго од тоа, голема е веројатноста дека го загубиле својот вкус. Токму затоа избегнувајте го овој тип производи на акциските намалувања пред истекување на рокот на траење.
6. Презервативи
Дали сакате да го ставите вашето здравје во прашање заради купување и користење на презервативи кои од непознати причини се ставени на голем попуст?
7. Шминка
Нанесувањето шминка на лицето на која ѝ истекол рокот на траење може да предизвика алергиски реакции, особено ако станува збор за природните производи кои имаат пократок рок на траење. Проверете за што станува збор пред да го ставите вашиот омилен руж во кошничката за пазарење.
А, бидејќи сме на крајот од месецот и можеби планирате да се подновите со нешто, погледнете кои нешта секогаш добиваат попуст во текот на август.