7 професии во кои жените заработуваат повеќе од мажите

7 професии во кои жените заработуваат повеќе од мажите

Верувале или не, постојат само 7 професии во светот каде што дамите можат да се пофалат дека заработуваат повеќе отколку посилниот пол. За жал, тоа е тажен факт со оглед на тоа дека постојат повеќе од 500 професии и исти позиции каде што мажите апсолутно доминираат. Затоа ги погледнавме резултатите од едно американско истражување и ви носиме 7 прекрасни професии во кои дамите се одлично платени.

1-7-profesii-vo-koi-zhenite-zarabotuvaat-povekje-od-mazhite-www.kafepauza.mk_

1. Туристички водич

Изгледа дека жените умеат многу подобро да ги спроведат туристите во обиколување околу светот, па затоа и заработуваат дури 114,8 проценти повеќе од мажите.

2. Пеачки и слични професии

Секако дека женскиот глас и изглед не може да ги замени ниту еден маж, па затоа и пеачките и танчарките заработуваат 107.6 проценти повеќе од машките колеги.

2-7-profesii-vo-koi-zhenite-zarabotuvaat-povekje-od-mazhite-www.kafepauza.mk_

3. Менаџери за транспорт и складирање

Можеби ќе ве изненади, но и во оваа професија доминираат дамите со 107,1 процент во однос на момците.

4. Нутриционисти

Како што очекувавме, жените нутриционисти се многу попопуларни отколку мажите кои работат во оваа област и тоа тие доминираат со 105,7 проценти поголема заработка.

5. Станбени советници

Жените знаат подобро да посоветуваат особено околу купувањето или продавањето на недвижности, па затоа и во оваа професија дамите ќе бидат подобро платени, дури за 100,8 проценти подобро.

3-7-profesii-vo-koi-zhenite-zarabotuvaat-povekje-od-mazhite-www.kafepauza.mk_

6. Трговци на големо и мало

Жените заработуваат 200,6 проценти повеќе од мажите во оваа област.

7. Советници или воспитувачи

Кога е во прашање воспитувањето, жените со причина доминираат и заработуваат 100,5 проценти повеќе отколку мажите.

Во следниве професии, жените заработуваат скоро исто колку и мажите

  • Финансиски специјалисти
  • Авионски механичари
  • Агенти за продажба
  • Златари
  • Фотографи
  • Финансиски службеници
  • Лични финансиски советници


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар