7 професии кои би можеле да исчезнат за 10 години

7 професии кои би можеле да исчезнат за 10 години

Некои работни места полека почнуваат да исчезнуваат. Работите се променуваат, а тоа се должи на напредокот на технологијата, приливот на евтина или странска работна сила како последица на глобализацијата, па дури и само на промената на вкусот на потрошувачите. Така, доаѓа и до промена на работните места со текот на времето и многу мал дел имаат тенденција да преживеат низ текот на годините. Времињата се менуваат, економиите се развиваат, па не постои нешто што можеме да направиме за да го промениме тоа. Постојат неколку работни места за кои се намалува заинтересираноста, па иако секогаш ќе постојат на некој начин, тие полека исчезнуваат. Погледнете кои се седумте работни позиции кои би можеле да исчезнат за една деценија.

7 професии кои би исчезнале за десет години

1. Возачи

И по една деценија во светот на некој начин ќе има возачи и најверојатно луѓето ќе се возат. Но, бидејќи постојат многу средства посветени на автоматизацијата, се чини дека автоматското возење на автомобилите е само неколку години оддалечено, а кога тоа ќе се случи, нашите возила ќе бидат автономни.

2. Земјоделци

За десет години сигурно нема да исчезнат сите земјоделци, но врз основа на искуството од претходните неколку генерации, нивната улога ќе се намали. Порано, голем дел од населението се занимавало со земјоделство, а сега тоа се намалува. Технологијата е таа што прави повеќето луѓе да произведуваат принос, па веројатно е дека затворените фарми, па дури и лабораториското одгледување месо, ќе почнат да ја зголемуваат својата популарност.

3. Поштари

Бројот на поштенски работници се намалува, а главна причина за ова е секако технологијата. Како што работите стануваат повеќе автоматизирани, така ќе бидат помалку луѓе потребни за да се извршуваат поштенските активности.

4. Радиодифузери

Секако, ова е уште една работна позиција која нема сосема да исчезне, но ќе постојат повеќе професии кои ќе бидат поконкурентни. Општо земено, овие работници не заработуваат многу, работата е тешка и бара повеќе часови посветеност.

7 професии кои би исчезнале за десет години

5. Работници со накит

Намалувањето на индустријата со накит најмногу ќе се должи на глобализацијата. Иако секогаш ќе постојат локални производители, сепак, повеќето се преселуваат во странство, со цел да ги намалат трошоците.

6. Рибари

Професионалните рибари ќе се соочат со закани за нивната работа. Технологијата оди напред, што значи дека помалку луѓе ќе бидат потребни за да се изврши таа работа. Но, увозот на морска храна и самоодгледувањето риби стануваат сѐ повеќе популарни и поевтини, а тука треба да се земе предвид и фактот дека климатските промени имаат голем ефект врз морските животни и достапните риби.

7. Издаваштво и печатарство

Издаваштвото и печатарството, барем во старомодна форма, е загрозена индустрија. Технологијата доведе до намалување на читателската публика на весниците во хартиена форма, а се зголеми популарноста на електронските книги. Секогаш ќе бидат објавувани книги и списанија, но оние кои се обучени на старомодниот начин на нивно производство, најверојатно за неколку години ќе се соочат со проблеми во нивната професија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар