7 причини зошто русокосите девојки се забавуваат повеќе
Русокосите најчесто имаат лоша репутација. Бринетите се сметаат за поинтелигентни, додека пак, црвенокосите за поенергични. А русокосите? Најчесто тие се дел од шегите. Но, реалноста е дека тие исто така имаат една карактеристика која значително ги издвојува од останатите. Студиите ни покажуваат дека тие се девојки кои многу повеќе се забавуваат во својот живот. Еве и зошто…
1. Тие се повеќе посакувани во кревет
Навратете се на минатото и размислете, кои се најжешките девојки низ историјата? Мерлин Монро, Брижит Бардо, Грејс Кели… Сите тие се блондинки. Исто така постојат низа студии кои ни покажуваат дека над 36% од мажите преферираат русокоси во кревет, додека 31% би одбрале девојки со потемна коса.
2. Тие изгледаат помладо
Оваа карактеристика може да биде и позитивна и негативна. Вие секогаш ќе можете да „скратите“ неколку години како што ќе стареете, но додека сте млади може постојано да ви бараат лична карта доколку сакате да влезете во дискотека или да порачате алкохолен пијалак. Од друга страна пак, колку лудо и да ви изгледа, во времето на пештерските луѓе блондинките се сметале за поздрави личности кои подолго ќе живеат. Ако сакате детали, станува збор за намалената пигментација која ѝ дозволувала подлабоко навлегување на ултравиолетовата светлина која е потребна за синтеза на витамини.
3. Тие изгледаат поженствено
Природните блондинки имаат малку повисоко ниво естроген од бринетите, па токму затоа и големи се шансите дека ќе имаат поженствени црти на лицето, како помал нос, шилеста брада, свилена кожа и многу помалку влакна на телото. Накратко, женственоста е во нивната ДНК.
4. Тие се истакнуваат поради бојата на својата коса
За разлика од бринетите и црвенокосите, овие девојки се доживуваат како подостапни. Во времето на пештерските луѓе, жените требало да се борат за вниманието на мажите, бидејќи многумина од нив умирале штитејќи го племето или ловејќи храна. Но, русокосите биле во предност бидејќи палеолитските ловци преферирале жени со посветли прамние бидејќи бојата на косата ги издвојувала од бринетите и се сметале за поздрави. Овие информации се доволни да се докажат дека некои момци се уште размислуваат како пештерски луѓе.
5. Тие добиваат поголем бакшиш
И покрај тоа што бринетите можеби се сметаат за поинтелигентни поради бојата на својата коса, сепак русокосите можат да заработат многу повеќе во одредени ситуации. Според една студија од 2009 година, русокосата келнерка заработила значително повеќе бакшиш од девојките со друга боја на коса, без разлика на нивниот изглед. И тоа не е сè. Русокосите девојки се борат повеќе за себе во ситуации кои ги доживуваат за нефер, како кога сметаат дека им е потребно покачување на платата.
6. Тие многу повеќе излегуваат
Следен пат кога ќе излезете со вашите пријателки, обидете се да ги забележите другите девојки околу вас. Колку од нив се блондинки? Која е девојката која танцува на маса? Која е таа која прва ќе запее на караоке? Големи се шансите дека ќе станува збор за девојка со светли прамени. Од друга страна пак, тие се многу подостапни. Постојат многу истражувања кои ни покажуваат дека бринетите откако се трансформирале во блондинки, почнале да бидат почесто забележувани помеѓу луѓето.
7. Тие се спонтани
Студиите ни покажуваат дека блондинките се доживувани како поспонтани, почувствителни, но и порационални. Токму поради овие карактеристики тие навистина знаат како да се забавуваат во моментот. Имањето способност да се опуштите и едноставно да се забавувате е единствениот начин да поминете незаборавно низ вашиот животт!