7 причини зошто може повторно да се здебелите

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Враќањето на изгубените килограми може да биде многу фрустрирачко, особено ако не знаете која е причината за тоа. И покрај тоа што диетите помагаат при слабеење, тие се и главниот фактор за враќање на тежината. Сепак, постојат причини што доведуваат до тоа, а вие можеби не сте свесни дека тие се дел од вашето секојдневие.

1. Понекогаш вежбањето може да предизвика да се здебелите

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Да, можно е тренингот да предизвика зголемување на телесната тежина, но само привремено. Ова може да биде знак дека вежбате многу напорно за да забележите резултати. Вежбањето го оштетува мускулното ткиво и процесот на заздравување им овозможува на мускулите да растат и да станат посилни. Но, во меѓувреме, се јавува воспаление и заедно со насобирањето течности, може да помислите дека ова привремено зголемување на телесната тежина е предизвикано од наталожени мрснотии.

2. Заглавени сте во јо-јо диета

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Кога без намера ќе се здебелите откако сте успеале да ослабите, тоа е познато како јо-јо ефект на диетата. Ако тоа продолжи, со текот на времето може да се здебелите уште повеќе. Во некои случаи, ограничувањето во исхраната може да доведе до зголемување на телесната тежина во иднина, поради физиолошките реакции на телото на промените во јадењето и гладувањето.

Ако планирате да изгубите тежина следејќи рестриктивна диета, најверојатно ќе ги вратите мастите во рок од 5 години. Но, за да ја намалите тежината, треба да го промените вашиот животен стил, наместо да држите диета. Ова значи отстранување на слатката и на преработената храна, вежбање и јадење храна богата со протеини и растителни влакна.

3. Не јадете доволно растителни влакна и протеини

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Ако ги занемарите растителните влакна и протеините, тоа може да биде причина зошто повторно се здебелувате. Влакната помагаат при контролирање на апетитот и ќе се чувствувате сити подолго време. Зголемете го внесот на мешунки, грав и зеленчук за да внесувате добра количина растителни влакна. Јадењето 14 грама растителни влакна секој ден може да го намали внесот на калории за дури 10%.

Освен тоа, недостатокот на протеини може да предизвика да се здебелите. Ако јадете протеини, ќе се чувствувате сити подолго време, дури и без да јадете премногу храна. Исто така, протеините може да ја одржуваат вашата мускулна маса и да го забрзаат метаболизмот, што е важно за одржување на телесната тежина.

4. Премногу сте дружељубиви

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Социјалниот живот е важен кога станува збор за одржувањето рамнотежа помеѓу работата и слободното време. Меѓутоа, кога се дружите со вашите пријатели и колеги, честопати сте во искушение да пиете и да јадете повеќе. Ова значи дека со присуството на повеќе настани, додавате калории што може да доведат до зголемување на телесната тежина.

5. Купувате без список на намирници

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Ако купувате без список на намирници, тоа може да биде една од причините зошто повторно се здебелувате. Списокот ќе ви заштеди време и пари, но исто така може да ве спречи да не купувате импулсивно, особено нездрава храна.

6. Внесувате премногу калории преку пијалаците

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Пиењето безалкохолни пијалаци, сокови и други видови пијалаци може да биде причината зошто ја враќате изгубената телесна тежина. Мозокот не ги пресметува калориите од пијалаците како што ги пресметува калориите од храната. Тоа значи дека сепак ќе јадете нешто подоцна, што може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

7. Премногу сте изморени

7 причини зошто може повторно да се здебелите

Недостатокот на сон и исцрпеноста се поврзани со брзото зголемување на телесната тежина. Хормоналните промени предизвикуваат недостаток на мотивација за вежбање. Освен тоа, ако не спиете доволно, постои опасност од таложење мрснотии во стомакот. Едно истражување потврдува дека ако спиете 7 часа или повеќе, ќе имате 33% поголеми шанси да изгубите повеќе килограми.

Прочитајте кои утрински навики ви предизвикуваат вишок килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар