7 причини поради кои вашата коса станува седа
Седата коса доаѓа со процесот на стареење, но кај некои луѓе белите влакна се појавуваат многу рано и претставуваат вистински проблем.
Во продолжение прочитајте некои од причините зошто вашата коса станува седа.
1. Кај некој од вашите родители рано се појавила седа коса
Веројатно секогаш сте се прашувале што предизвикува седа коса? Прамените во сива боја делумно се во вашите гени, вели д-р Дорис Деј, клинички вонреден професор по дерматологија на универзитетот при Медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк. Една студија објавена во „Nature Communications“ ја издвојува генетиката како причина за појавата на седите прамени откако истражувачите анализирале карактеристики на коса на 6.000 Американци. Слободно обвинете ги и своите родители ако имате седа коса, но имајте на ум дека седата коса е и природен дел од стареењето.
2. Можеби имате автоимуна болест
Автоимуната болест на кожата наречена „алопеција ареата“ може да доведе до побелување на делови од косата. Како што објаснува Американската фондација за алопеација ареата (NAAF), на луѓето во оваа состојба им се појавуваат мали, тркалезни, мазни делови на скалпот и тие може целосно да ја изгубат косата на тој дел на главата или телото. Според д-р Деј ова се случува затоа што вашиот имунолошки систем ги напаѓа фоликулите на косата, со што косата паѓа. Кога косата повторно расте, таа е бела. Според NAAF, околу 6,8 милиони луѓе во Америка ја имаат оваа појава. Ако забележите загрижувачко опаѓање на косата или делови од главата без коса, разговарајте со дерматолог.
3. Вашата околина е загадена
Загадувачите и токсините може да предизвикаат побрзо побелување на косата, според истражувачите. Овие хемикалии генерираат слободни радикали, или оксидативен стрес, кој го намалува производството на меланин и го забрзуваат стареењето на косата, покажуваат студиите. Откако влакното ќе изникне од фоликулот, тоа е мртво, додава д-р Деј.
4. Сте доживеале голем стрес
Силната поврзаност помеѓу стресот и седата коса е тема на жестоки дебати. Сепак, д-р. Деј вели дека стресот ќе ја забрза вашата генетска судбина. Значи и да немате седи влакна сè уште, стресот веројатно ќе ја промени бојата на вашата коса. Но, ако сивата боја е во вашите гени, стресот може да ја направи вашата коса сива многу побрзо и многу порано, освен ако не работите на намалување на стресните ситуации. Стресното доживување на секоја ситница може да направи побрзо да остарите.
5. Изложени сте на чад од цигари
Ако сè уште се прашувате: Што ја предизвикува предизвикува појавата на седа коса?, можеби за тоа треба да ги обвините цигарите во вашиот дом. Без разлика дали вие или некој друг во семејството пуши во домот, изложеноста на чад од цигари може да влијае на бојата на вашата коса. Истражувања објавени во 2013 година откриле дека пушачите имаат 2,5 пати повеќе шанси за рано стареење, најверојатно заради огромните количини на слободни радикали создадени од пушењето. Наведете си го ова како уште една причина да се откажете од цигарите, или охрабрете некој близок да се откаже од оваа навика.
6. Вашите хормони се менуваат
Еден поглед на фотографија од вас од пред една деценија може да ви потврди дека вашата коса сега не е иста како што била некогаш. Значи, што ја предизвикува појавата на седа коса? Благодарение на хормоните, вашата коса со текот на времето може да ја промени нејзината текстура, густина и секако, бојата. Овој процес започнува да се забележува кога ќе наполните 30 години. Тоа е возраста кога луѓето почнуваат да се жалат на проблеми. Експертите сè уште се обидуваат да сфатат како точно влијаат хормоните ( како естроген, прогестерон и кортизол). Има жени во своите 50-ти години кои минуваат низ менопауза но немаат ниту еден прамен седа коса. Можеби станува збор за повеќе фактори кои влијаат на појавата на седа коса: вашата генетика, факторите на животната средина и хормоналните промени.
7. Вашата возраст
Можеби вие не сте подготвени за тоа, но вашата коса е веќе сива. Производството на меланин, супстанцијата што го дава пигментот на косата, се намалува со текот на стареењето. Со секоја декада, по вашата 30 година, ризикот за појава на седа коса се зголемува од 10 на 20%. Значи, невозможно е да се задржи природната боја на косата со одминувањето на годините.
Можеби сакате да го прочитате и ова необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?