7 прекрасни вистински приказни што ќе ве допрат право во срцето

7 прекрасни вистински приказни што ќе ве допрат право во срцето

Секој од нас понекогаш е подготвен да се предаде кога е соочен со проблеми кои прават да се чувствуваме беспомошно. Во овие моменти се појавуваат пријателите, роднините и семејството за да помогнат. Во продолжение прочитајте ги вистинските приказни што ќе ви докажат дека можеме да направиме навидум невозможни работи кога ќе се здружиме.

1. Момче со Даунов синдром ја изгубило својата колекција филмови во пожар

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Марк Орсило, 34, живее со неговите родители во Калифорнија. Тој има Даунов синдром и едно од највредните нешта во неговиот живот е неговата колекција со филмови. Тој имал над 300 филмови од 90-тите. Но кога неговата куќа изгорела во пожар, колекцијата на Марк била уништена. Во солзи ѝ раскажал на сестра му Даниела што се случило. Даниела веднаш напишала за ова на нејзиниот Фејсбук профил и ги замолила луѓето да донираат ДВД филмови за нејзиниот брат. Луѓето што ја виделе пораката не само што ја вратиле целата колекција на Марк, туку успеале да соберат и околу 10.000 евра за да му помогнат на Марк и на семејството да ја поправат штетата од пожарот.

2. Девојче го замолило Интернетот за помош при одбирање подарок за нејзиниот брат

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Дизајнерката Кетрин од САД има 25-годишен брат кој ментално има околу 5 години. Единственото нешто што тој сакал за Божиќ била играчка-камион што се произведувала во 2000-та година. Но, денес е навистина тешко да се најде оваа играчка. Брат ѝ, Макс, навистина обрнувал внимание на детали, па познавал и ако играчката е лажна.

Кетрин ги замолила корисниците на Интернет да ѝ помогнат да ја најде играчката. Нејзината објава била прочитана од илјадници луѓе кои веднаш почнале да ја бараат играчката во нивните домови, на Интернет, а некои дури ја контактирале и компанијата што ги произведувала. Од компанијата ветиле дека ќе ги пребараат нивните магацини во САД и Кина и ќе ги испратат сите камиончиња што ќе ги најдат.

3. Собрани над 300.000 евра за стар сиромав човек кој продавал сладолед

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Џоел Сервантес од Чикаго забележал некој стар човек со количка за сладолед. Сите го игнорирале, па на Џоел му било жал. Купил дури 20 сладоледи и веднаш потоа почнал кампања со цел да собере 2.600 евра за старецот. Луѓето толку многу се потресле од приказната што за само 4 дена се собрале над 300.000 евра. Џоел повторно го нашол човекот, и овој пат ја ислушал неговата приказна. Неговата сопруга била болна, а ќерка му починала, па тој морал да се грижи и за неговите мали внуки. Сега планира да ги потроши парите за семејство, а она што ќе му остане да го донира.

4. На роденденската забава на 9-годишно момче не се појавил никој

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Џералд Хамилтон, второодделенец, поканил 30 луѓе на неговата роденденска забава и 12 му рекле дека ќе дојдат. Но кога дошол денот на забавата, не се појавил никој. Мајка му почнала да се јавува кај родителите на поканетите деца, но сите родители ѝ викале дека нивните деца не можеле да се дружат со Џералд бидејќи тој бил поинаков. Проблемот бил што Џералд имал неколку операции на мозокот и е со задоцнет развој. Сепак, и тој е дете кое сака пријателство.

Неговата баба раскажала на Фејсбук што се случило и ги замолила луѓето да му го честитаат роденденот. Наскоро еден полицаец затропал на нивната врата и го замолил детето да го прослават роденденот со тим полицајци и пожарникари. Џералд исто така добил над 1.000 картички за среќен роденден и многу подароци.

5. Група луѓе спречила самоубиство

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Во Спрингфилд, еден маж се качил на покривот од една зграда со намера да изврши самоубиство. Полицајците поминале 15 часа обидувајќи се да го убедат да се симне, но тој не ги слушал. За среќа, случајните минувачи решиле да помогнат. Дузина луѓе застанале пред зградата и извикувале нешта како: „Важен си, ќе бидеш во ред, не си сам, се грижиме за тебе…“ По 6 часа мажот се симнал од зградата и бил однесен во болница.

6. Корисниците на Интернет купиле протеза за куче

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Едно куче по име Форест шетало низ шумата кога си ја фатило ногата во стапица за мечки. Колку повеќе се борело, толку повеќе стапицата го стегала. Форест поминал 2 недели заробен и за да преживее јадел кори од дрво и лижел снег. Кога бил пронајден бил на работ на смртта. Нозете му биле сериозно повредени и две морале да му се ампутираат. Приказната станала позната на Интернет, па корисниците собрале пари за операцијата и за протеза. Сега Форест повторно трча.

7. Глуво и немо момче замолувало луѓе од целиот свет да му помогнат да ја запроси девојка си

7 прекрасни вистински приказни што навистина ќе ве допрат

Една девојка од Украина, Ана Давиденко, која била во Бангкок, на Фејсбук споделила навистина интересна приказна за запросување.

„Денес ми пријде едно момче. На неговиот телефон напиша: Глув сум и нем и имам прашење за тебе. Од каде си? Му реков дека сум од Киев, Украина. Ми напиша дека не може да зборува, ни да слуша, но неговата девојка може. Сакал да ја запроси, но таа да го слушне тоа. Собра 6 луѓе од разни држави и кога пристигна неговата девојка, сите ние ја запросивме на разни јазици. Зборувавме и плачевме бидејќи беше невозможно да се воздржиме. Во овие моменти сфаќате дека не постојат никакви граници. Самите ги создаваме.“

Прочитајте ги и овие искрени приказни кои докажуваат дека љубовта доаѓа во секоја форма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар