7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Ако размислувате каде ќе патувате во 2020 година, посетете некои од овие помалку популарни дестинации што вреди да ги разгледате.

1. Хрватска

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Хрватска ќе биде една од најпопуларните дестинации за претстојната година. Таа нуди голем број активности и дефинитивно треба да се обидете да посетите колку што е можно повеќе места додека сте таму.

Во главниот град Загреб можете да ги разгледате стариот дел на градот како и многубројните музеи, а Дубровник нуди прекрасна архитектура од разни епохи.

2. Антарктикот

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Бидејќи патувањето од едниот до другиот крај на Земјата станува сè подостапно, можеби ќе сакате да посетите дестинации за коишто порано не сте размислувале, како што е на пример Антарктикот. Таму ве очекуваат низа забавни активности: гледање пингвини и китови, кајакарење, кампување, нуркање и посети на истражувачките станици.

3. Билбао

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Барселона и Мадрид веќе долго време добиваат внимание од туристите, но Билбао сè повеќе привлекува туристи и тоа не само поради популарниот музеј „Гугенхајм“, туку и поради спортските настани, кулинарската сцена и културата. Но, немој да мислите дека „Гугенхајм“ е единствениот музеј во градот. Посетете ги и Музејот за ликовна уметноста, катедралите и малите барови.

4. Вануату

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Ако порано не сте слушнале за Вануату, ќе слушнете наскоро. Вануату е архипелаг лоциран во Тихиот Океан, источно од Австралија. На 80-те острови се зборуваат 100 различни мајчини јазици и таму ве очекуваат многу авантуристички активности како што се нуркање, планинарење и истражување на остатоците од бродовите од времето на Втората светска војна.

Ако не сте подготвени за активности и сакате само да се опуштите, можете да го сторите тоа на популарните бели, песочни плажи. Плажата „Шампањ“ е омилена меѓу туристите.

5. Островот Квадра

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Се претпоставува дека овој остров ќе биде едно од најдобрите места што треба да ги посетите во 2020 година. И на овој остров ве очекуваат разни активности како што се гледање китови и кајакарење. Кампувањето и планинарењето се исто така популарни активности. Но, ако не сте премногу заинтересирани за активности на отворено, оваа дестинација можеби не е за вас. Меѓутоа, можете да научите многу за културата и за историјата на островот Квадра во Центарот за култура „Нујумбалис“.

6. Бенин

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Кога властите ќе вложат пари во туризмот, привлекуваат многу туристи. Таков е случајот и со оваа земја што се наоѓа во Западна Африка. Во главниот град можете да го истражувате Историскиот музеј на долгогодишното кралство Дахоми (кое постоело триста години), како и двете историски кралски палати. Таму постои и една прилично морбидна атракција – престол направен од човечки черепи. Ако сакате да ги видите чудата на животинскиот свет, одете на сафари во националниот парк „Пенџари“.

7. Салта

7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

Аргентинскиот планински град има што да понуди за сите видови патници. Ако сте љубители на урбанистичкото истражување, можете да уживате во историската архитектура, а авантуристите може да се упатат надвор од градот и да уживаат во глетките на природата и на животинскиот свет. Не пропуштајте ги Музејот на археологијата, како и елегантните катедрали и манастири.

Погледнете ги овие бајковити места што вреди да ги посетите оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар