7 неверојатни жени коишто предизвикаа вистинска бура на Интернет

7 неверојатни жени коишто предизвикаа вистинска бура на Интернет

Во 21-виот век жените имаат многу повеќе опции за тоа што можат да бидат, да прават и да постигнат. Но, и денес постојат работни места и институции на кои можеби им е потребна надградба, а жените на оваа листа направиле многу за да го променат тоа. Па, запознајте ги жените што предизвикаа вистинска бура на Интернет.

1. Првата жена што доеше додека гласаше во парламент

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Сенаторот од Австралија, Лариса Вотерс, го „скрши“ Интернетот кога почна да го дои нејзиното бебе додека гласаше за закон. Елегантно и со вкус, таа ова го направи со поддршка од страна на нејзиниот сопруг и Сенатот. Важно е да се напомене дека жените во парламентот секогаш имале право да го направат ова. Лариса едноставно нè потсетува дека да го имате правото за нешто е многу поразлично отколку навистина да го направите тоа. Лариса е активист за човекови права, а нејзината ќерка сигурно ќе ги научи вистинските вредности додека расте.

2. Првата мајка во вселената

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Мал чекор за вселенската индустрија, но голем скок за жените. Ана Ли Фишер не е првата жена, туку првата мајка која ја посетила вселената. Таа не е само одличен хемичар, лекар и мајка, таа е астронаут на НАСА и веќе учествувала во 3 големи вселенски програми – Вселенскиот шатл, Интернационалната вселенска станица и проектот Орион.

3. 16 години штрајк со глад за правда

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Дали некогаш сте помислиле да штрајкувате со глад за нешто поголемо од вас? Иром Шармила, позната и како „железната дама“, штрајкувала 16 години со глад. Таа не го добила своето право на глас и протестирала против законот кој стапил на сила во 1958-ма година. Иром инспирирала многу жени низ целиот свет и на Интернационалниот ден на жената во 2014-та година беше прогласена за женска икона на Индија.

4. Пливање од Куба до Флорида на 64 години

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Храброста и издржливоста се зборови што дефинитивно ја опишуваат Дијана Најад. Таа ги воодушеви сите кога со нејзините 64 години не само што стана првата жена, туку и првиот човек што препливал од Куба до Флорида без помош од кафез против ајкули – растојание од 180 километри. Ова бил нејзиниот петти обид и во 2013-та година конечно ја постигнала нејзината цел.

5. 122-годишна икона

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Една од најстарите личности на светот, Жан Калмен, стана позната не само поради нејзината возраст, туку и поради нејзиното присуство на социјалните мрежи. Целиот свет со задоволство ја цитира. Погледнете некои од нејзините бисери на мудроста кои можеби сте ги сретнале:

„Имам само една брчка и седам на неа.“

„Досетливоста не ги прави девојките убави.“

„Го одбирав задоволството секогаш кога можев. Делував јасно, со морал и без жалење. Многу сум среќна.“

6. Мајим Бјалик

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Мајим била детска ѕвезда која глумела во ситком на „NBC“. По некое време го добила нејзиниот докторат, се омажила, се развела и сега има две деца. Не сакала да му се врати на глумењето, но животот имал други планови за неа. Во еден период ѝ било навистина потребно здравствено осигурување, а тогаш била учителка додека нејзиниот сопруг работел на неговиот магистерски труд. Па, решила да најде неколку работи со глумење. Тогаш ја добила улогата во неверојатно популарната серија „Теоријата за големиот прскот“. Но, изгледа дека нема граница на она што таа може да го направи. Таа има објавено две книги и редовно се поврзува со нејзината публика преку нејзиниот Јутјуб канал на кој е искрена и директна.

7. Анонимна 8-годишна поетеса

7 неверојатни жени коишто направија вистинска бура на Интернетот

Учителката на ова 8-годишно девојче ја споделила нејзината поема на Твитер. Поемата е совршена комбинација од љубовта кон тоа што е женско и отпорот да биде дефинирана од нејзиниот пол.

Вистинска женственост

Не сум од шеќер и сè што е убаво. Јас сум музика, јас сум уметност. Јас сум приказна. Јас сум црковно ѕвоно кое ѕвони погрешно, правилно и нормално. Бев бебе. Сега сум дете. Ќе бидам мајка. Не ми пречи да ме сметаат за убава, не дозволувам тоа да биде мојата дефиниција. Јас сум богата пита силна со знаење. Нема да бидам изедена.

Погледнете и кои се контроверзните жени кои го променија светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар