7 неверојатни факти за животот на Антарктикот
Антарктикот често е нарекуван и Бел Марс поради суровите услови за живеење. Во 2015-та година овде беше изградена француско-италијанската поларна станица Конкордија. Европската вселенска агенција овде спроведува истражувања. Истовремено, овде живеат речиси 60 луѓе во изолација, на екстремно ниски температури и со недостаток од светлина и кислород. Секој од нив поминал најмалку 9 месеци обука за да работи тука. Станицата е составена од две цилиндрични згради. Првата е наречена „тивка“ и овде се наоѓаат лабораториите, просториите за дневен престој и болниците. Втората зграда е наречена „гласна“ и има теретана, складиште, трпезарија, кино и соба за снимање. Во продолжение прочитајте нешто повеќе за животот на Конкордија.
1. Просечната температура на Антарктикот е -50 степени Целзиусови, а најниската -78,8
Дури и во текот на летото, температурата никогаш не е повисока од -28 степени Целзиусови. Обичните бактерии не можат да преживеат овде, а кога луѓето излегуваат надвор облекуваат неколку слоеви облека. Целата облека тежи колку еден скафандер. Конкордија е лоцирана на 3.000 метри надморска височина, па воздухот овде е редок и има ниско ниво на кислород. Исто така овде е толку чисто, што не мириса на ништо. Луѓето што живеат овде имаат кажувано за шокот од мириси што го доживуваат кога ќе се вратат внатре во станицата.
2. Луѓето живеат во целосна темница 4 месеци годишно
На Антарктикот нема ноќи и денови на коишто сме навикнати. Во текот на зимата сонцето не изгрева и луѓето минуваат 4 месеци во целосна темница. Во текот на летото сонцето не заоѓа, и на луѓето им е навистина тешко да се прилагодат. Првите сончеви зраци по темницата се вистински празник за тамошните жители. Сите излегуваат надвор и го гледаат првото изгрејсонце после 4 месеци.
3. Најблискиот супермаркет се наоѓа на 4.000 километри
Конкордија е пооддалечена од цивилизација и од Интернационалната вселенска станица и воопшто не е лесно да се стигне овде. Потребните продукти се носат со караван од санки и за ова се потребни 10 до 12 дена. Ако се носи помал товар и храна, се користат мали авиони направени специјално за екстремни температури. И покрај тоа што немаат продавница, луѓето овде ја имаат потребната храна и редовно готват.
4. Во текот на зимата станицата е целосно изолирана од светот
Невозможно е да се напушти Конкордија во текот на зимата, па ако се случи нешто неочекувано луѓето се оставени сами на себе. Поради ова во станицата има добро опремена болница и огромен дел од градбата е полн со храна. Обично во станицата остануваат околу 15 луѓе во текот на зимата и речиси сите имаат по две специјалности. На пример водоводџијата може да помага во контролната соба, а готвачот можеби е и пожарникар.
5. Истражувачите се обидуваат да откријат како оваа сурова средина им влијае на луѓето
Чувството на целосна изолација често предизвикува стрес и други психолошки проблеми – од ментална отсутност до депресија. Овие појави редовно се истражуваат овде. Научниците веруваат дека знаењето што ќе го соберат од станицата ќе им помогне да ги подготват астронаутите за долгите вселенски летови. Сите членови на тимот имаат посебни дигитални дневници и носат посебни часовници со чија помош го запишуваат времето на работа и спиење и колку време поминале со другите луѓе. Откако ќе се соберат, податоците детално се анализираат за да се пронајдат промени во однесувањето. Покрај тоа на станицата се спроведуваат над 20 научни проекти од областа на астрономијата, метеорологијата, физиката и слично.
6. Луѓето овде знаат и да се забавуваат
Работниците на станицата уживаат во времето за забава. Тие прават тури низ нивните лаборатории, играат кошарка на снегот и ги сакаат забавите со костими и танцување. Понекогаш користат видео повици за да одговараат на прашања на ученици и на студенти. На Божиќ му се јавуваат на претседателот на Италија преку Скајп. Бидејќи тимот има членови од Шведска, Франција, Италија, Англија и Русија, тие се обидуваат да ги научат нивните јазици.
7. Уринирањето за време на туширање е забрането во Конкордија
Целата слатка вода во Конкордија се добива од снег. Бидејќи е потребно многу гориво за да се стопи, целиот тим мора да штеди. Откако ќе биде искористена за туширање, водата се чисти и се рециклира. Поради ова луѓето не можат да користат свои шампони и купки, туку добиваат 3 во 1 шампон којшто е компатибилен со системот за чистење. Исто така членовите не смеат да уринираат во туш кабините бидејќи системот не рециклира урина.
Сигурно ќе ве интересираат и овие факти за Интернационалната вселенска станица.