7 нешта што им се познати на сите чии родендени се во зима
Без разлика дали сакате да го прославувате вашиот роденден или не, без сомнение секој има посебен ден којшто е само негов. Луѓето родени во лето можат да уживаат во забава покрај базен, eсента е одлична роденденски фотосесии, а пролетта се смета за најубавото време во кое можете да имате роденден. Но што е со луѓето родени во зима? Доколку имате зимски роденден, познати ви се следниве 7 нешта.
1. Прославите се одвиваат на затворено
Бидејќи на повеќето места е ладно, навистина сте ограничени со изборот на простор. Зимските деца не можат да имаат забави покрај базен, ниту пикник во парк на нивниот голем ден. Наместо тоа, морате да бидете креативни со прославите на затворено и да смислите нешто како куглање, караоке, вечера за пиење вино и слично.
2. Тортата со сладолед е премногу студена, но не ви е грижа
Задолжително е да имате некаков вид торта на вашиот роденден. Без разлика што надвор температурите се под нулата, тортата со сладолед не се испушта.
3. Постојано ја проверувате прогнозата на вашиот роденден
За жал, никогаш не знаете со какво време ќе се соочите за време на вашиот роденден. Тоа може да има влијание на облеката што ќе ја носите, но и на тоа дали луѓето ќе дојдат на самата прослава или ќе ви откажат.
4. Сите се веќе расположени за забава
Празничната сезона ги прави сите расположени за забава, што е одлично ако вашиот роденден е во овој период. Кога ќе биде време за вашата прослава, сите веќе ќе бидат „загреани“.
5. Обично го гледате целото семејство за време на роденденот
Ако успеете да се вратите дома за празниците, најверојатно ќе се видите со сите. Не само што ќе поминете време со саканите, туку ќе го поминете и вашиот роденден со нив.
6. Роденденскиот фустан е обично сокриен под слоеви облека
Доколку не прославувате дома, голема е веројатноста роденденскиот фустан да ви биде сокриен под многу облека. Штом ќе пристигнете на забавата треба да се ослободите од палтото, шалот и капата за конечно да го покажете вашиот изглед.
7. Празничните распродажби ви овозможуваат да си купите повеќе подароци
Можеби сметате дека празниците ви го крадат вниманието, но всушност тие ви помагаат. Божиќните распродажби значат дека ќе можете да си купите повеќе подароци без да потрошите многу.
Погледнете ги и овие одлични идеи за прославување на вашиот роденден.