7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

Денешното модерно секојдневие е нешто што може да се живее само со брзо темпо и навидум изгледа како да не можеме да направиме мала пауза и да одвоиме малку време за себе. Затоа, клучно е да пронајдеме рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те нешта кои би требало да ги прават сите типови луѓе за да останат свесни и ментално подготвени да се соочат со секоја ситуација, дури и во најзафатените денови.

7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

1. Започнете го утрото со медитација. Вашата листа со обврски кои треба да ги завршите тој ден е веројатно доста долга, но доколку наутро се обидете да одвоите 15 минути за лесни вежби или медитација ќе добиете ефективен начин за момент да го блокирате остатокот од светот.

2. Вербализирајте ги вашите цели, не само вашите дневни задачи. Го трошите вашето драгоцено време, но и енергија, ако секојдневно ја микроменаџирате секоја одделна задача која треба да се заврши за вас и вашите најблиски. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на крајната цел наместо на индивидуалните ситни задачи и обврски.

3. Кажете дека имате некоја важна средба. Во вашиот календар забележете 1-2 часа кои ќе ги одвоите за себе, а другите ќе мислат дека сте на некоја важна средба. Искористете ги часовите да ги проверите социјалните мрежи, да ги прегледате веб-сајтовите кои ги следите или што било друго што ве прави да се чувствувате исполнето. Никој не мора да знае.

4. Направете маникир или одете на масажа. Знаеме дека никој не прави маникир секој ден, освен ако не е некоја личност која може да си го дозволи тоа и временски и финансиски, но маникирот или 10-минутната масажа можат да направат чуда за вашето расположение и енергија.

5. Помирисајте лимон или портокал. Според научните истражувања, мирисањето на цитрусите може да ја намали напнатоста, стресот, анксиозноста и да ги смири нервите.

6. Направете нешто спонтано. Правењето нешто непланирано и неочекувано ќе ви помогне да се опуштите и да научите како полесно да ги заборавите и да се ослободите од нештата во иднина.

7. Спијте со пенкало и хартија покрај вашиот кревет. Според психолошките студии, издвојувањето на 2-3 минути за да ги запишете своите мисли пред спиење е еден од начините подобро да заспиете и да не се чувствувате како зависник од контрола следното утро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар