7 непознати факти за машкото тело

7 непознати факти за машкото тело

Запознајте се со овие непознати, а многу интересни факти за машкото тело.

7 непознати факти за машкото тело

И мажите имаат своја Г-точка

И мажите, исто како и жените, имаат своја Г-точка, тврдат уролозите. Станува збор за простатата која лачи течност, ги штити сперматозоидите и им овозможува да преживеат. По пат на стимулација на простата мажите можат да доживеат оргазам.

И мажите можат да произведат млеко

И мажите имаат млечни жлезди, но немаат доволно за да нахранат бебе. Имено, машката лактација е ретка и најчесто е последица на неурамнотежено количество на хормонот пролактин, задолжен за производство на млеко. Најчести предизвикувачи за тоа се туморот на хипофизата, хормонската терапија за лечење рак на простатата, одредени лекови за срце, како и екстремната глад.

Оргазмот кај мажите трае пократко

Иако мажите полесно достигнуваат оргазам, кај жените оргазмот трае многу подолго. Нивното уживање трае во просек по 6 секунди, додека припадничките на понежниот пол во оргазмот уживаат дури 23 секунди.

Мажите имаат подебела кожа

Освен што во просек се повисоки и поснажни во однос на жените, мажите имаат и подебела кожа. Нивната кожа е за 0,2 милиметри подебела од кожата на жените, па поради тоа таа потешко пука и потешко се оштетува.

Нивната брада ги штити од рак на кожа

Брадата кај мажите во просек содржи по 7.000 фоликули, но кај некои мажи бројката може да стигне и до 15.000. Таа има благородни својства, делува како изолатор и штити од болка во грлото, од изгореници од сонце кои можат да предизвикаат рак на кожа, а ја ублажува и астмата која ја предизвикуваат честичките од цветен прав во воздухот.

Најмалиот измерен пенис е долг 3,98 см

Американско истражување спроведено на 1.661 човек, покажало дека должината на најмалиот пенис во спуштена состојба изнесува 3,98 см, а должината на најдолгиот 25,98 см.

Факти за спермата

Во текот на половите односи, мажите во просек исфрлаат по половина лажичка сперма, а во животот ејакулираат околу 52 литри. Сперматозоидите се движат со просечна брзина од 45 км/час. Спермата е најквалитетна во периодот помеѓу месеците февруари и мај, а најслаба е во септември, тврдат истражувањата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар