7 неочекувани роднински врски помеѓу славните ѕвезди
Некои познати личности не ни знаеле дека се во сродство сè додека не се прославиле. Погледнете ги следниве 7 парови познати личности за кои никогаш не би погодиле дека се роднини.
1. Николас Кејџ и Софија Копола
Вистинското име на Николас Кејџ е Николас Ким Копола. Тој има околу 10 роднински врски во Холивуд, и речиси секој од нив е поврзан со кинематографијата. Една од неговите роднини е Софија Копола, режисерот на филмовите „Изгубени во преводот“ (Lost in Translation) и „Марија Антоанета“ (Marie Antoinette). Софија му е братучетка на Николас.
2. Гај Ричи и Кејт Мидлтон
Познатиот режисер и војвотката од Кембриџ се роднини. Гај дури присуствувал и на венчавката на Кејт и Вилијам.
3. Анџелина Џоли и Хилари Клинтон
Кој би помислил дека Џоли има роднина помеѓу американските политичари? Овие дами се 9-та генерација братучеди.
4. Рајан Гослинг и Џастин Бибер
Семејството на Бибер е големо и во него можат да се најдат многу познати личности. Една од нив е Рајан кој со Џастин се 11-та генерација братучеди.
5. Фарел Вилијамс и Тимбаленд
Овие талентирани продуценти се всушност братучеди.
6. Мет Дејмон и Бен Афлек
Пријателите од детството се исто така и роднини. Мет и Бен се 10-та генерација братучеди.
7. Принцот Чарслс и Ралф Фаинс
Ралф открил дека неговото семејно стебло има и кралски корени. Тој и Чарлс се 8-ми братучеди.
Никогаш не би ги погодиле ни предците на овие славни личности!