7 неочекувани факти за љубовта и врските што се откриени неодамна

7 неочекувани факти за љубовта и врските што се откриени неодамна

Научниците кои си поставиле мисија да ги одговорат сите прашања поврзани со љубовта, дошле до навистина изненадувачки заклучоци. Многу од популарните митови се побиени, а ние научивме да прифаќаме повеќе и повеќе нови информации за врските. Понекогаш советите од научниците навистина можат да ја спасат врската. Па, погледнете ги овие релативно нови психолошки истражувања, кои ќе ви помогнат вистински да ја разберете љубовта.

7 неочекувани факти за љубовта и врските што се откриени неодамна

1. Сè зависи од првиот бакнеж

Едно истражување спроведено на Универзитетот Оксфорд, открило дека првиот бакнеж може да помогне во одредувањето на компатибилноста на потенцијалниот партнер. По правило, бакнежите се навистина важни кога станува збор за долгите врски, особено за жените. Резултатите покажале дека претпоставката дека бакнежите се само за зголемување на сексуалната возбуда е лажна.

2. Луѓето кои живееле заедно над 25 години почнуваат да развиваат исти лични карактеристики

Научниците од Универзитетот во Мичиген ја проучувале физичката сличност на сопружниците. Резултатите покажале дека после 25 години заедно, се зголемува сличноста помеѓу партнерите. Покрај тоа, зголемената сличност била поврзана и со поголема среќа во бракот.

Помеѓу објаснувањата за овој феномен e и теоријата заснована на емоционално копирање. Имено, емоционалните процеси предизвикуваат васкуларни промени, кои се регулирани од мускулите на лицето.

3. Возраста за време на првото сексуално искуство го предвидува романтичниот исход во иднина

Научниците од Универзитетот Тексас во Остин заклучиле дека оние кои го имале првото сексуално искуство после 19 години, имале поголеми шанси за посреќни романтични врски подоцна во животот. Покрај тоа, овие луѓе поретко се венчаваат млади и имаат помалку сексуални партнери во текот на животот.

Луѓето кои подоцна го имале првиот секс се сметале за подостојни партнери за долги врски. Експериментот покажал дека овие луѓе подобро се справуваат со конфликтите и им покажуваат повеќе љубов и внимание на партнерите.

4. Романтичните филмови им помагаат на паровите да го спасат бракот

Едно ново 3-годишно истражување покажало дека ризикот од развод се намалува доколку сопружниците гледаат романтични филмови и ги дискутираат. По гледањето на овие филмови, и двајцата партнери имаат подобро разбирање за што прават правилно, а што прават погрешно во заедничката интеракција. Како резултат, се намалува бројот на недоразбирања и конфликти.

5. Фотографија од саканата личност ја намалува болката

Ново истражување покажало дека доволно е да гледате фотографија од саканата личност за да ја намалите болката. Држењето или допирањето на саканата личност го има истиот ефект. Во истражувањето учествувале жени кои биле во добра врска барем 6 месеци. За време на експериментот, тие кажувале колку болка чувствуваат додека гледаат фотографии од нивното момче, од странец и од стол. Фотографиите од партнерите навистина им помогнале на жените да ја надминат болката.

6. Модерните бракови бараат самореализирање

Ели Џ. Финкел, заедно со неговите колеги од Северозападниот Универзитет, ги проучувал главните причини за развод. Резултатите покажале дека во модерните врски, партнерите очекуваат повеќе психолошко задоволство, додека во минатото сакале да ги исполнат потребите за безбедност.

Луѓето сметаат дека бракот ќе им помогне да ја добијат потребната самодоверба и да се самореализираат. За да ги задоволат овие потреби, потребно е инвестирање во време и психолошки ресурси. Доколку нема доволно ресурси, или ако едниот партнер не сака да се потруди, настанува фрустрација. Во овој случај, другиот партнер треба да ги промени очекувањата од бракот за да не се разочара.

7. Мажите со повисок коефициент на интелигенција поретко изневеруваат

Научниците од Универзитетот Сен Луис откриле дека мажите со висок коефициент на интелигенција, имаат помали шанси да ги изневерат партнерките. Авторите ги анализирале резултатите од анкета во која учествувале илјадници возрасни и тинејџери, и се покажало дека попаметните мажи ја ценат моногамијата.

Кога станува збор за жените, нивниот коефициент на интелигенција не бил поврзан со нивната верност.

Прочитајте ги и овие факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар