7 најпопуларни видови фотографии на Инстаграм
Да бидеме искрени, сите ние вложуваме многу време и труд одржувајќи го својот Инстаграм профил. Прво треба да се направат 100 фотки од една иста работа, потоа да се изберат неколку и да се стават во колаж, па на крајот доаѓаат филтрите после кои следува слатката објава и нервозното исчекување на срценцата од оние кои нè следат. Тешка работа… Но, доколку не сте знаеле, постојат одреден тип фотографии на Инстаграм кои уживаат најголема популарност, па според тоа тие имаат и најголема веројатност да добијат најмногу лајкови.
Ова е мал водич за почетници кои најмногу од сè сакаат што повеќе лајкови на нивните фотографии.
1. Излегувања
Сликите на кои девојките се во секси издание, излезени некаде, со омилената пијачка за сликање (чаша шампањ) или пак со шише Вотка на масата, со малку пијан поглед и провокативно или погрешно напишан статус се апсолутен хит. Екстра поени ќе заработите доколку тагнете погрешни луѓе на фотката, на пример вашиот бивш. 🙂
2. Храна
Што помрсна и понездрава, тоа подобро. Најдобро ќе пројдат фотките на кои се наоѓате во друштво на енормно големи порции храна како пица, хамбургер, скара и сл. Никој не мора да знае ако потоа тоа не го изедете.
3. Патувања
Со оглед на фактот дека поголемиот дел од времето го поминуваме во канцеларија, на кревет, во образовни институции и слично, сосема е природно што сакаме да се пофалиме на социјалните мрежи кога конечно ќе го напуштиме нашето прибежиште. Посебно е значајно ако се работи за друга земја, но и викенд патување во околината со добар филтер и мотивациски цитат ќе заврши сосема добра работа.
4. Миленичиња
Кој може да одолее на слатките домашни миленичиња и нивните моменти на слава кои се овековечени на Инстаграм? Ако можете, мора да имате ладно срце.
5. Семејни фотографии
Селфи со детето, мајката, бабата, таткото, дедото, внуците… сè тоа спаѓа во една од најпопуларните категории на слики кои со сигурност ќе добијат повеќе лајкови од сите други фотки што ги имате објавено заедно.
6. Теретана
Добро ќе помине слика од справа или тегови, но најдобро поминуваат оние кои се направени пред огледало и покажуваат нова фигура после упорното вежбање. Ако пак во прашање е јога, нема грешка.
7. Романтика
Ова се фотки на кои двајцата партнери се толку слатки што никој не може да им одолее и мора да стисне лајк. Па на крајот на краиштата, сите сакаме љубов.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.