7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите
Од „Пријатели“, до „Озборувачка“ и сè помеѓу нив, постојат илјадници ТВ серии кои се обидуваат да го доловат животот во Њујорк Сити. Но, како што знаете, не сè што гледате на телевизија соодветно го отсликува вистинскиот живот и ТВ сериите во кои дејството се одвива во Њујорк не се исклучок од ова правило. Погледнете ги наредниве неколку факти кои укажуваат на тоа колку нереално е прикажан животот во Големото Јаболко на малите екрани.
Налетување на луѓето кои ги познавате
Во ТВ сериите како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ ликовите на улиците и во продавниците постојано налетуваат на некој од минатото. Животот во Њујорк воопшто не е таков. Освен ако не се наоѓате во област каде што некој ваш познат живее или работи, шансите да го видите случајно на улица не се воопшто поголеми од оние да видите некој познат во друг голем град. Моментално таму живеат 8.244.910 луѓе и апсурдно е да се помисли дека секојдневно можете да налетувате на личности од вашето минато.
Место кое е резервирано за вас
Во ТВ сериите, ликовите постојано имаат нивно „место“ каде што секојдневно се собираат и пијат кафе или јадат. „Пријатели“ го имаа каучот во кафуле, „Како ја запознав мајка ви“ имаат сепаре во бар, „Сеинфилд“ имаа место во ресторан – но, во реалниот живот никогаш не можете да го добиете истото место секој пат кога ќе отидете до вашето омилено кафуле, бар или ресторан. Понекогаш после работните часови во Менхетен не може воопшто ни да се најде слободно место за еден, а уште помалку за цела група од 5-6 луѓе.
Апартман со совршена големина
ТВ серијата „Пријатели“ започна така што група пријатели заедно бараа работа, љубов и начин на средување на својот живот во Њујорк. Но, Рејчел, Рос и останатите од групата живееа во премногу удобни апартмани во однос на тоа колку време поминуваа пиејќи кафе во Централ Перк. Во просек, доколку работите поеќе од 40 часа неделно, би имале доволно за 1/3 од големината на нивниот стан на Менхетен.
Дури и апартманот кој Тед и Маршал го изнајмуваа во „Како ја запознав мајка ви“ е нереално голем за локацијата на која се наоѓа и со оглед на фактот дека на почетокот Маршал беше невработен студент по право. Да не почнеме воопшто да зборуваме за животот во Горната источна страна на Кери од „Сексот и градот“… Доколку немате високо платена работа, вашиот апартман во центарот на Њујорк би имал големина на кутија за чевли.
Пијачки после работа
Фактот дека после цел работен ден, ликовите од „Како ја запознав мајка ви“ секогаш имаат енергија да ја поминат вечерта во лудо пиење е малку нереално. Размислете, колку енергија имате вие вечерта кога ќе се вратите од работа? И што прво ви паѓа на памет во моментот кога ќе влезете низ вратата од вашиот дом? Дури и да соберете сила да излезете со вашите пријатели, неколку пива во бар на Менхетен би ве чинеле околу 30 долари. Ако сакате нешто пожестоко ќе мора да потрошите голем дел од она што сте го заработиле тој ден.
Во реалноста пријателите обично „се загреваат“ во домашна атмосфера, а потоа излегуваат во барови и клубови со цел да запознаат нови луѓе и тоа најчесто се случува само за време на викендот.
Гламурозната Горна источна страна
Горната источна страна повеќе не е олицетворение на гламурот и раскошот како што е претставена во „Озборувачка“. Всушност, доколку продолжите да се движете источно од Централ Парк, ќе налетате на една од најевтините населби за живеење во моментов во Менхетен. Исто така, богатите барови и клубови кои се наоѓаат таму, многу ретко се посетувани од помлади, а уште поретко од богати тинејџери. Помладите обично го посетуваат Вилиџ и градскиот центар за забави во вечерните часови. Всушност постојат многу поелитни места кои можете да ги најдете во центарот на Менхетен, така што правилото на девојките од оваа ТВ серија за неизлегување подалеку од 59-тата улица е нелогично.
Постојаното запознавање на кул личности
Сите оние пати кога Тед Мозби и неговите пријатели од „Како ја запознав мајка ви“ запознаа паметни, прекрасни и забавни луѓе во нивното маало се граничи со невозможно. Всушност, во реалноста шансите да налатете на неверојатни луѓе во текот на вечерта не се ништо подобри отколку во кој било друг голем град. Можеби тие се дури и полоши, имајќи предвид дека повеќето од оние кои ги запознавате во баровите на Менхетен ќе бидат пијани или ќе имаат цел да ве однесат во кревет во текот на наредните неколку часови.
Но, мора да се признае дека ликот на Барни Стинсон совршено отсликува дел од мажите на кои можете да налетате во вечерните часови на Менхетен… Исто така, ликовите од „Пријатели“ многу лесно успеваа да договорат состаноци, додека пак во реалниот живот тоа оди малку поспоро. Сепак таму живеат преку 8.000.000 луѓе и потребно е повеќе време да ги издвоите „дијамантите“ од обичните „камења“.
На девојките многу ретко им се додворуваат
Ако решите да се дотерате и да облечете високи потпетици за излегување, големи се шансите дека цела вечер околу вас ќе се вртат голем број мажи зборувајќи ви вулгарни работи кои воопшто не би сакале да ги слушнете. Исто така одејќи по улица постојано ќе ви потсвирнуваат и ќе ви упатуваат несоодветни коментари. И покрај тоа што девојките постојано се средени (посебно во „Озборувачка“) ова воопшто не се случува во ТВ сериите.
Единствениот начин целосно да го искусите животот во Њујорк е да живеете таму. Тогаш ќе можете да видите од прва рака колку е тешко да сретнете познати луѓе, колку многу енергија би ви била потребна да правите едноставни и секојдневни работи како одењето до продавница и колку мали можат да бидат апартманите. Но, и покрај сè ова, животот во Њујорк е неверојатна авантура каде што дури и во метрото може да ви се случи нешто незаборавно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Американците за разлика од Турците и Шпанците и сиот друг народ кој прави серии прави многу нереални серии. Се е тоа убаво, али таква нереалност дава ептен голема ЛАЖНА утеха во човекот. Како нивните родители што ги лажат за бетмен, спајдермен и незнам какви ли МЕНови, така истото се случува во сериите. Они се родителите, ВИЕ сте децата и они МАНИПУЛИРААТ со вашите утехи.