7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат - Part 2

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

4. Осамен човек

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Осамен стар човек живеел во неговата куќа во предградието на градот. Никогаш не ја напуштал куќата на подолго време. Еден летен петок, дошол поштарот и го повикал човекот. Немало одговор. Поштарот погледнал низ прозорецот и го видел човекот во локва крв. Кога полицаецот пристигнал, нашол весник од вторник, 2 шишиња топло млеко и 1 шише ладно млеко.

Наредниот ден, убиецот бил уапсен. Како полицијата дознала кој го сторил злочинот толку брзо?

  • Одговор

    Очигледно било дека се работи за поштарот. Тој знаел дека никој во куќата немало да чита весник во среда и четврток, па затоа не ги доставил тие весници.

5. 2 апчиња

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Сериски убиец киднапирал луѓе и ги терал да земат 1 од 2 апчиња: Едното било безопасно, а другото било отровно. Жртвата земала едно апче, а убиецот го земал другото. Жртвите го пиеле апчето со вода и умирале. Убиецот преживувал.

Како убиецот секогаш го добивал безопасното апче?

  • Одговор

    И двете апчиња биле безопасни. Отровот се наоѓал во чашата вода што ја пиела жртвата.

6. Замрзнати прозорци

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Еден зимски ден, Џон го нашол својот пријател мртов во неговата куќа. Џон повикал полиција и кажал дека поминувал покрај куќата на Џек и решил да влезе внатре. Тропал и ѕвонел на ѕвончето долго време, но не слушнал ништо. Меѓутоа, можел да види светлина во собата преку замрзнатиот прозорец. Тој дишел во заледеното стакло и го видел Џек на подот.

Полицијата го уапсила Џон како главен осомничен. Зошто?

  • Одговор

    Џон не би можел да го одмрзне прозорецот, бидејќи мразот обично се наоѓа од внатрешната страна.

7. Хемиски супстанции

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Познат хемичар бил убиен во неговата лабораторија. Немало никакви докази, освен лист хартија со имињата на хемиските супстанции. Дента кога бил убиен, хемичарот имал само тројца посетители: неговата сопруга, Мери, внук му Николас и другар му Џонатан.

Полицијата веднаш го уапсила убиецот. Како знаеле за кого се работи?

  • Одговор

    На листот хартија имало трага. Ако ги искомбинирате скратените имиња за хемиските супстанции напишани на листот ќе го добиете името Николас (Ni-C-O-La-S).

Доколку успешно ги разоткривте овие мистерии, обидете се да ги решите и следниве 5 криминални загатки за оние кои не гледале и читале залудно детективски приказни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар