7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат
На сите ни се познати тестовите за интелигенција кои содржат 40 стандардизирани прашања за да го одредат нашиот коефициент на интелигенција. Но, постојат и други начини да дознаете дали сте генијалци. Тестирајте ги вашите детективски способности со помош на следниве неколку загатки што само малкумина можат да ги решат…
1. Бегство од затвор
Џек се наоѓа во ќелија со валкан под каде што има само еден прозорец поставен толку високо што никој не може да го достигне. Во ќелијата нема ништо друго освен една лопата. Внатре е суво и жешко, но Џек нема да добие храна и вода наскоро. Му остануваат само 2 дена да избега од затворот, во спротивно ќе умре.
Копањето тунел не е опција бидејќи за тоа ќе му требаат повеќе од 2 дена. Како ќе може Џек да избега од ќелијата?
Одговор
2. Украдено ланче
Госпоѓа Смит отишла во полиција за да пријави дека исчезнало нејзиното винтиџ ланче. Кога полицијата пристигнала, немало знаци на обивање. Само прозорецот бил скршен. Куќата била во хаос и имало валкани отпечатоци од стапала насекаде на подот.
Наредниот ден, госпоѓа Смит била уапсена за измама. Зошто?
Одговор
3. Убиство во училиште
На првиот ден од учебната година, бил убиен професорот по географија. Полицијата имала 4 осомничени: Градинарот, професорот по математика, тренерот и директорот на училиштето. Сите имале алиби.
- Градинарот ги кастрел грмушките.
- Професорот по математика го одржувал полугодишниот тест.
- Тренерот играл кошарка.
- Директорот бил во неговата канцеларија.
Веднаш бил уапсен убиецот. Кој го убил професорот по географија и како полицијата ја решила мистеријата?
Одговор
Продолжете на следната страница за останатите детективски загатки…