7 лекции што ги научивме во 2020 година и што не смееме да ги заборавиме во 2021 година
На многумина им е тешко да извлечат нешто позитивно од 2020 година, но секоја тежина носи лекции кои, иако се сосема неочекувани и несакани, можат многу добро да ја обликуваат вашата иднина. Прочитајте што ни донесе 2020 година и обидете се од овие ситуации да извлечете лекции што ќе ги понесете со себе во 2021 година.
Ценете го друштвото, но научете како да преживеете сами
Пандемијата на коронавирусот го научи целиот свет колку е важно да се ценат другите. Годината на карантин и изолација ни покажа дека е многу важно да знаеме како да живееме сами, да имаме поддршка и вистински пријател внатре во себе и со тоа нè потсети колку е полесно понекогаш да ги правите работите заедно или во група.
Да се биде едно во трагедиите, но и во најобичните ситуации
И оваа година покажавме колку можеме да бидеме сложни. Трагедиите нè поттикнаа да оставиме намирници пред вратите на соседите кои се изложени на ризик, да им донираме пари, намирници, облека и други потребни работи на бездомниците итн. Она што треба да го понесеме со себе во 2021 година се солидарноста и заедништвото што ќе се појават не само во катастрофи, туку и во секојдневни ситуации.
Ништо не е трајно
Изгубени работни места, откажани соработки и летови што водеа до најблиските, пропуштени можности, финансиска нестабилност и, за жал, изгубени животи – ова се само некои од работите што ни покажаа дека ништо не е трајно. Затоа, во наредната година, треба да цениме сè што имаме бидејќи 2020 година ни покажа дека сето тоа може да исчезне за еден момент.
Секој неуспешен план може да биде основа за нешто ново
Иако никој не сака неуспешни планови и откажани можности, тие можат да бидат камен-темелник за нешто ново. Многу луѓе гледаа како нивните планови се рушат еден по друг, но многумина решија да се борат до крај и да направат нешто со тоа што останало и да го претворат во нешто ново. Многумина успеаја во тоа и тие треба да бидат нашата инспирација во 2021 година.
Редовните паузи се повеќе од пожелни
Паузите од светот, од виртуелните друштва, од социјалните мрежи, од Интернетот, од вестите, од другите луѓе, па дури и од најблиските се пожелни и сосема нормални. Во одредени моменти, на сите ни беше тешко оваа година и тогаш беше важно да се одмориме и да си посветиме внимание себеси. Не заборавајте да го правите тоа редовно во 2021 година.
Грижата за емоциите и менталното здравје е исто толку важна како и грижата за телото
Оваа година нè научи колку е важно да се грижиме за своето ментално здравје и да се негуваме себеси однатре. Исто како што ги третираме болката во грлото или скршеница на ногата и како што вежбаме за да бидеме поздрави, така ни треба и редовен преглед на емоциите, на мислите и на сè што често криеме од другите. Оваа година нè научи дека никогаш не е доцна да се побара помош.
Да се биде љубезен и емпатичен е едноставна работа и може да спаси нечиј живот
Во текот на оваа година многупати се прашувавме меѓу себе дали е сè во ред. Секој пат го поставувавме ова прашање искрено, внимателно и со подготвеност да помогнеме. Исто така, 2020 нè потсети дека е многу поубаво и подобро да се трошат пари на донации отколку на скапи пијалаци што ќе ги испиеме за дочекот на новата година. Оваа година нè потсети дека е многу поважно да инвестираме време во помагање на сиромашните отколку во бесцелно лутање на Интернет и нè научи дека да се биде добар и емпатичен не бара многу труд, а е доволно за да се спаси нечиј живот.
Прочитајте зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата.