7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин

7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин

Постојаната употреба на смартфоните, имејловите и социјалните мрежи го преоптоварува човечкиот мозок и го зголемува нивото на кортизол, што негативно влијае на психичкото, но и на физичкото здравје. Многумина од нас не ни забележуваат дека ги жртвуваме внатрешниот мир и духовната рамнотежа, најчесто поради сосема неважни активности. Токму затоа и одлучивме да ве потсетиме на важните работи во животот преку 7-те совети на шаолинските монаси кои водат до постигнување духовен мир во денешниот стресен свет, а исто така и помагаат при отклучување на мирот и здравјето во човекот.

7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин

1. Исклучете се за да бидете вклучени – Кога спиете, јадете и вежбате, вашиот телефон треба да биде исклучен.

2. Испијте шолја чај – Наместо да ги пиете плановите, мислите и грижите.

3. Живејте сега – Што и да правите, дајте сè од себе и посветете се целосно на тоа.

4. Вежбајте во зен стил – Фокусирајте се на дишењето и движењата, а заборавете на сè останато.

5. Балансирајте ги јин и јанг – Потребно ви е вежбање, но и внатрешен мир за совршено здравје и добра физичка подготвеност.

6. Справувајте се со ѕвонењето на телефонот – Кога и да го чуете, најпрво застанете, 3 пати длабоко вдишете и издишете и потоа одговорете.

7. Движете се чекор по чекор – 10 минути исклучени, 5 минути внатрешен мир, 1 шолја чај…

Прочитајте и за монахот од храмот Шаолин кој советува како да останете вечно млади!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар