7 караници во кои ниту еден маж сè уште не победил

7 караници во кои ниту еден маж сè уште не победил

Познато е дека мажите не сакаат конфликти и се обидуваат да ги избегнат на секаков можен начин. Ниту еден однос не е идеален и нормално е да постојат одредени кавги. Но, кога се вербалните конфликти во прашање мажите се оние кои вообичаено го извлекуваат подебелиот крај и од кавгата излегуваат како тотални губитници. Без разлика колку се вербално моќни, со каков вокабулар располагаат и колку цврсти аргументи имаат, дамата е секогаш во право! Ова се седумте караници во кои мажот секогаш губи, без исклучок…

7 караници во кои ни еден маж се уште не победил

1. „Биди искрен, дали се имам здебелено?“

Разговор од кој тешко ќе може да се извлече и најголемиот дипломат со врвни комуникациски вештини. Најискрено, таа малку се има здебелено и ве замолува да бидете искрени, но најдобро е сепак малку да ја разубавите вистината. Истото важи и ако побара искрено мислење за нејзините родители, нејзиниот голем задник…

2. „Видов дека ја меркаше онаа девојка“

Колку повеќе се браните и протестирате, толку пожестока ќе биде повратната реакција. Поискусните фраери советуваат дека на дамата секогаш треба да ѝ го препуштите местото со „поглед“ во ресторанот, за вашиот да не лута толку наоколу.

3. „Што гледаш? Дали е тоа филм за возрасни?“

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ваква ситуација, која на жените не им е баш драга и пријатна за гледање. Свиткајте си ја опашката и признајте дека понекогаш го правите тоа без неа и пробајте да се искупите со секс за смирување.

4. „Зошто не сакаш со мене да ги гледаш моите филмови?“ („Ѓаволот носи Прада“, „Невестата бегалка“, „Бележникот“)

Веројатно ја имате поминато онаа фаза кога сте сакале да правите буквално сè со вашата девојка, па дури и да гледате романтични комедии. Ако тие се жртвуваат понекогаш со вас да гледаат некој акционен или воен филм, можете и вие да попуштите одвреме-навреме.

5. „Зошто уште чуваш фотографии од твојата поранешна девојка?“

Што да се каже на ова? Тешко е да се смисли добар одговор што ќе ја смири нејзината вжештена глава. Затоа, најдобро е за да го одржите мирот во куќата и едноставно да се решите од спорните слики еднаш засекогаш.

6. „Навистина ти е позабавно да се дружиш со твоите другари отколку со мене?“

Ова е многу опасна зона на комуникација која бара од вас да станете вистински вербален мајстор. Подобро е да се спречи отколку да се лечи, па затоа за да не се најдете во ваква ситуација гледајте да поминувате со неа исто толку време колку што поминувате и со вашите пријатели. Ако забележите дека се чувствува запоставено, веднаш сменете ја тактиката и посветете ѝ повеќе внимание. Другарите нема да ви се налутат.

7. „Најдов нешто во твојот мобилен телефон што не ми се допаѓа“

Уште една замка во која сигурно ќе паднете, бидејќи што и да кажете, тоа нема да биде точниот одговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар