7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезумат
Јапонија е навистина разновидна земја. Од суши и кимона, до самураи, Нинтендо, па дури и бизарниот фестивал во чест на пенисот, оваа земја никогаш не престанува да изненадува. Покрај мноштвото анимирани приказни во кои ужива целиот свет, постојат јапонските урбани легенди и страшни приказни кои апсолутно ќе ве трауматизираат. Препорака, не читајте ги овие приказни навечер!
1. Ака Манто
Замислете се дека седите на шолја во вашиот тоалет. Немате тоалетна хартија, а тогаш одненадеж слушате глас кој ви вели: „Дали сакате сина или црвена хартија?“ Што ќе одговорите? Наш предлог е да бегате колку што ве држат нозете, затоа што ако изберете црвена боја, вашата кожа ќе биде искината на делови, а ако изберете сина, ќе ви биде исцедена целата крв од вашето тело. Така напаѓа духот Ака Манто.
2. Хитобашира или „Човечки столбови“
Во стара Јапонија се верувало во човечката моќ. Толку многу, што ставале луѓе во ѕидовите и столбовите од зградите, кои ќе послужат како жртва за Бога и како средство кое ќе ѝ донесе стабилност на структурата. Во многу градби, вклучувајќи ги и озогласениот дворец Мацуи и мостот Фукушима, се верува дека има човечки костури во темелите, а посетителите велат дека слушаат крици и плач од заробените духови.
3. Нуре Она
Нуре Она често може да се сретне како ја мие косата на брегот од некое езеро или река. Во некои верзии од приказните таа со себе носи и дете. Кога некој ненамерен минувач ќе и понуди помош да го причува детето, тоа се врзува за рацете на минувачот и станува сѐ потешко и потешко, додека Нуре Она ја пие крвта од телото на минувачот.
4. Кунекуне
Ако нешто што мрда ви го привлече вниманието во зеленилото, додека се наоѓате на некоја ледина околу јапонско село, тргнете го погледот! Кунекуне е мистериозен призрак кој ќе ве доведе до лудило ако директно гледате во него. Никој точно не може да го објасни овој привид бидејќи секој што го гледал, сега е полуден. Велат дека тој се тркала од една на друга страна и ако го гледате директно и вие ќе почнете да се однесувате така до крајот на вашиот живот.
5. Жената со пресечено лице
Ако шетате доцна во ноќта, таа може да се појави од зад аголот, со покриено лице со шамија. Не обидувајте се да побегнете бидејќи таа ќе се телепортира каде и да одите. Кога конечно ќе застане пред вас, ќе ве праша дали е убава. Ако одговорите дека не е, следното нешто кое ќе го видите (а веројатно и последното) се големите ножици со кои ќе ви ја отсече главата. Ако одговорите дека е, таа ќе ви го открие своето лице и уста, која е пресечена од едното до другото уво и ќе ве праша „А сега?“ Повторно, ако одговорите не, тогаш ќе ве преполови на половина, а ако кажете да, ќе ви ја исече устата исто како нејзината.
6. Селото Инунаки
На влезот од селото пишува: „Овде не важат законите и уставот на Јапонија!“ Ова мистериозно и изолирано село е тешко да се забележи, дури за околното население. За луѓето од Инунаки се вели дека живеат чуден живот, исполнет со инцест и канибализам, а убиствата во ова село се секојдневна активност. Покрај тоа, од необјаснива причина таму телефоните не работеле. Постоеле стари говорници во селото, но денес не се функционални.
7. Томиновиот пекол, поемата на смртта
Според легендата, ако ја прочитате на глас поемата „Томинов пекол“, вие ќе умрете! Веднаш штом почнете да читате ќе почувствувате непријатност. Кога ќе завршите можете да го почекате крајот на анксиозноста. Ќе забележите дека тој што ја читал песната во видеото, користел текстуален софтвер за да ја сними.