7 интересни знаци дека имате природно високо ниво на допамин
Нивото на допамин во телото се поврзува со позитивни чувства како што се возбудата и расположението. Исто така, можно е некои луѓе да имаат почувствителни рецептори на допамин и со тоа да стимулираат негово поинтензивно лачење. Во секој случај, овие лица покажуваат повеќе чувства на задоволство, а тоа може да биде последица и на гените, но и на структурата и развојот на нивниот мозок.
Понекогаш се случува чувствителноста и нивото на допаминот да се превисоки и во тој случај се користи медицинска терапија, за да се избегнат состојби како шизофренија или биполарно нарушување. Како и за сè останато, така и за допаминот важи дека треба да се одржува на здраво ниво и дека ако го имаме премногу, тоа може да донесе и негативни последици. Проверете дали препознавате некој од следниве знаци:
1. Имате потреба од однесување кое носи задоволство
Високите нивоа на допамин се поврзуваат и со однесувања кои предизвикуваат задоволство кај лицето. Тука може да спаѓаат и пороци, неодговорно трошење пари, зависност од секс итн. Ова се случува затоа што допаминот бара да биде „задоволен“ од вашите акции и однесување. Не е страшно ако ваквите „испади“ се случуваат ретко, но ако забележите секојдневна потреба да правите нешто лудо, само за да ви биде убаво, тогаш многу е веројатно дека треба да побарате помош, пред ваквото однесување да стане деструктивно.
2. Премногу сте екстровертни
Екстровертноста може да биде вистинска замка и да предизвика да мислите дека имате корист ако сте претерано љубезни, отворени и комуникативни во односите со луѓето. Екстровертните луѓе се чувствуваат убаво кога воспоставуваат комуникација со повеќе луѓе, но некогаш, едноставно, може да се претера и во тоа. Доколку забележите дека сте премногу екстровертни во однос на останатите, тогаш е можно да имате природно високо ниво на допамин.
3. Имате манијакално однесување
Манијата исто така е поврзана со нивоата на допамин во телото. Овие лица имаат намалена потреба за спиење и стануваат зборливи, мислите им се множат интензивно, лесно се деконцентрираат и преземаат непромислени акции без да мислат на потенцијалните непријатни последици. Манијакалните епизоди често се поврзани со биполарното растројство, па доколку забележите дека ви се случуваат често, треба да го споделите проблемот со некој близок и да побарате помош од психотерапевт.
4. Се сомневате и сте параноични
Поради високите нивоа на допамин и сите акции кои доаѓаат со тоа, понекогаш се јавува сомничавост и параноја, па дури и страв од неизвесност. За жал, ова е чест симптом кај шизофренијата, а кај сите лица со шизофренија е забележано екстремно високо ниво на допамин. Поради тоа тие имаат параноични заблуди и халуцинации. Мора веднаш да побарате стручна помош доколку го препознаете овој знак кај себе.
5. Реагирате и на најобични нешта со интензивна возбуда
Премногу се возбудувате кога ќе постигнете нешто или сте завршиле некоја потешка задача порано од предвиденото? Забележете дали често ви се случува ова, бидејќи кога се радувате на малите нешта со превисоко лачење допамин, тогаш вашето тело самото ќе бара да се впуштате во што попредизвикувачки акции, од кои некои може да бидат и доста ризични и да донесат поразителни резултати.
6. Често имате проблеми со празнењето на цревата
Високото ниво на допамин може да резултира и со физички симптоми, а еден од најчестите е констипацијата. Сам по себе, овој симптом може да биде предизвикан од многу други причини, но ако се случува во комбинација со некој од горенаведените знаци, тогаш треба да започнете да се контролирате, дури и тоа да значи дека треба да побарате стручна помош.
7. Се впуштате во емоционално јадење
Лицата со високо ниво на допамин се склони кон емоционално јадење. Ова се манифестира на начин што кога сте под стрес, вознемирени или нервозни, почнувате да јадете вкусна (и често нездрава) храна за да почувствувате некакво задоволство и утеха. Ваквото однесување е поврзано и со потребата за награда или рамнотежа, односно кога сте имале лош ден што ништо друго нема да го поправи, сметате дека храната ќе биде таа што ќе избалансира и ќе ви послужи како трофеј за тоа што сте го поминале.
Прочитајте ги и овие 10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок.