7 интересни теории на заговор кои се покажале како вистина
6. Операција Снежана
ПЛАНОТ:
Во 1970-та година, Сциентолошката црква заради лошата репутација и постојаните напади од различни организации како и постојаното исмевање на нивната идеја за создавањето на светот од страна на вонземјани кои живеат во вулкан, решава да спроведе акција на целосно собирање и уништување на сите документи кои не се во полза на црквената догма и нејзиниот основач Л. Рон Хабард.
ШТО ПОТОА?
Сциенолошката црква успева да ја изврши најголемата инфилтрација на американските влади во историјата. Изведени се серија од инфилтрации и кражби од 136 владини агенции, странски конзулати и амбасади во Америка, приватни организации критички настроени против црквата, и сето тоа изведено од црковни членови, во повеќе од 30 земји во светот.
Биле инфилтрирани околу 5.000 тајни агенти на црквата низ американските институции.
Кога сето тоа се открива, црквата започнува одлучно да одрекува, велејќи дека нема никаква врска со конспираторите. Веднаш потоа црковните агенти киднапираат еден од уапсените за кражба на документи за да не може да сведочи. Во денешно време црквата одбива да зборува за оваа тема, одговарајќи дека оние кои биле вклучени во конспирацијата се исфрлени од црковната општост.
Но, вистината е дека дури и ден-денешен многу од тие кои биле одговорни за целата операција сѐ уште заземаат високи постови во црковната хиерархија.
7. Проект МКУЛТРА
ПЛАНОТ:
Од раните 50-ти на 20-ти век, ЦИА си поставува за цел да осмисли програма за контрола и прилагодување на однесувањето на луѓето, или како што скратено се знае – програма за контрола на умот, кој трае официјално сѐ до 1973. Биле спроведени повеќе од 100 одделни проекти под МКУЛТРА, повеќето од кои биле нелегални и неетички. Документите за повеќето проекти се уништени.
ШТО ПОТОА?
Параноични шизофреници често се јавувале во разни радио и ТВ емисии и зборувале како над нив вршат експерименти со умот. Всушност целиот проект на ЦИА започнува како одговор на советски проект со кој Советите и Корејците на своите затвореници им го промиваат умот и ги индоктринираат со комунистичка идеологија. ЦИА започнува да гради на тоа. Започнува на американските граѓани да им подметнува различни опијати и да вршат експерименти со нив и нивното променето сознание. Најчесто се правени експерименти на лица со лесни психички растројства кои барале помош од лекар, а после тоа останувале или се буделе од кома. Познато е дека има најмалку еден смртен случај од експериментирањето.
Откако започнале да се шират слухови за овој експеримент, поради јавниот притисок ЦИА признала дека наводно нема никакви позитивни резултати од целиот проект и дека не успеале да најдат начин да ги контролираат луѓето.
Веројатно би го рекле тоа и доколку успееле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.