7 интересни факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

7 интересни факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Изгледа како да знаеме речиси сè за жените – колку зборови кажуваат дневно, колку бои распознаваат, колку кармини јадат во текот на животот… Сепак, научниците решиле да истражуваат понатаму и откриле навистина интересни и необични работи за природата на жените.

1. Жените подобро помнат што треба да се направи, а не што било направено

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Секоја жена е запознаена со ситуацијата кога партнерот заборава да купи одредена храна или да го фрли ѓубрето. За овој факт има научно објаснување. Во 2015-та година, Лијана Плермо им понудила на 100 мажи и жени разни задачи со цел да ја тестира нивната меморија во интервал од 2 минути до 1 ден. Излегло дека жените подобро ги помнат задачите за во иднина, додека ги заборавале завршените.

„Покрај работата, жените имаат многу задачи во домот и мора да чуваат многу информации. На овој начин ја тренираат својата меморија.“

2. Жените можат да ги намирисаат машките феромони во толпа

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Научниците тврдат дека колку е поздрав еден маж, толку посилен е неговиот мирис кога привлекува жени. Жените можат да го почувствуваат присуството на маж дури и во продавница за парфеми. Покрај тоа, женското сетило за мирис може да го идентификува имунитетот на мажот. За ова им се потребни само 3 секунди.

3. Жените се вљубуваат побавно од мажите

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Без разлика што ја предизвикува љубовта, мозокот, срцето или хормоните, мажите обично се вљубуваат многу побрзо од жените. Некои истражувања покажале дека над 25% од мажите се вљубиле помеѓу првиот и четвртиот состанок. Многу жени признале дека и по 20 состаноци не чувствувале пеперутки во стомакот.

4. Токсикоза за време на бременоста е добра за жените

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Истражувачи од Торонто откриле дека токсикозата во текот на бременоста помага за здравиот развој на фетусот. Утринската мачнина и главоболките се резултат на одбранбениот механизам што го штити фетусот од токсини. Па поради ова, овие непријатни симптоми всушност се добри. Жените кои страдаат од утринска мачнина често раѓаат здрави деца и поретко доживуваат спонтан абортус. Покрај тоа, токсикозата може да има позитивно влијание на интелигенцијата на детето. Сепак, симптомите како претерано повраќање и силна болка во стомакот не се здрави. Во тој случај веднаш посетете лекар.

5. Колку е повисок коефициентот на интелигенција кај жената, толку помалку деца има

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Британскиот психолог Сатоши Каназава пресметал дека желбата на жената да има деца се намалува за 25% со секои дополнителни 15 поени на тестовите за интелигенција. Тој смета дека човештвото станува полошо, па интелигентните жени не сакаат да имаат деца или раѓаат само едно. Приоритет им е нивното образование, развој, кариера и патувањето.

6. Колку повеќе деца има жената, толку побрзо старее

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Истражувачи од САД откриле дека жените кои раѓаат деца имаат пократки теломери за разлика од оние кои немаат родено. Ова значи дека делот од хромозомите одговорен за заштита на ДНК се намалува со возраста. Над 2.000 жени на различна возраст учествувале во истражувањето. Сепак, овде може да влијаат и други фактори, како на пример стресот.

7. Жените во црвено предизвикуваат љубомора кај другите жени

7 факти за жените за кои ни тие самите не се свесни

Адам Пазда од Словачката академија за наука направил необичен експеримент. Тој ги замолил испитаниците да гледаат фотографии од жени и да го кажат своето мислење. Некои жени на фотографиите биле облечени во црвено. Експериментот покажал дека жените активно реагирале на жените во црвено бидејќи ги гледале како закана за нивната врска. И мажите и жените во истражувањето сметале дека жените во црвено биле послободни и безгрижни. Жените исто така изјавиле дека не би сакале нивните партнери да комуницираат со такви девојки.

Прочитајте ги и овие интересни факти за умот и телото на мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар