7 инспиративни Инстаграм профили од личности кои го живеат животот во целост
Секојдневно сме преплавени од социјалните мрежи со најразлични фотографии од кафиња, оброци и неверојатни пејзажи. Повеќето од луѓето со вакви објави многу внимателно одбираат која верзија од нивниот живот ќе ја споделат. Но, помеѓу сите тие, постои и мал дел кои се посветени на живеење и споделување на нивниот автентичен живот. И токму таму можете да ја најдете најголемата инспирација и за вашиот живот. Овие 7 се едни од најдобрите во тој поглед.
Сара Вилсон
Австралиската новинарка и авторка на бестселерот „I Quit Sugar“, помогнала на повеќе од милион луѓе ширум светот да се откажат од шеќерот. Нејзината мисија е да им помогне на луѓето да се чувствуваат одлично и да изградат живот без шеќер така што споделува вкусни рецепти проследени со прекрасни фотографии.
Елизабет Гилберт
Можеби најголемиот оптимист во светот, Елизабет Гилберт, стои зад книгата „Eat, Pray, Love and Big Magic: Creative Living Beyond Fear“. Таа живее за да пишува и да ја споделува нејзината љубов за зборовите и животот на својот Инстаграм профил.
Рејчел Платен
Оваа пејачка која исто така пишува песни, откако ја објавила својата епска химна „Fight Song“ во 2015 година веднаш се издигнала до стратосферата на ѕвездите. Оттогаш, таа е на јавна мисија да им помогне на луѓето да го прифатат својот живот. Нејзината страст за музиката, како и потрагата по најхрабриот живот кој можеме да го живееме, се едноставно заразни.
Џош Неф
Овој фотограф ја покажува неговата љубов за природата преку неверојатните пејзажи кои ги споделува на својот Инстаграм профил. Доколку ги гледате неговите фотографии, вие веднаш ќе посакате да излезете надвор на отворено и да си поиграте со светот. Без разлика дали сакате фотографија, природа или едноставно ви е потребен момент да избегате од секојдневната рутина, ова е совршениот профил за вас!
Ема Мајлдон
Ако ја прашате оваа жена што работи, таа ќе ви каже дека е спиритуален личен асистент и дека нејзината задача е да им помогне на сите млади момци и девојки кои живеат во модерниот свет, да допрат и до нивната спиритуална страна. Нејзините статии, книги и фотографии на Инстаграм се целосно посветени за да им помогнат на луѓето да ги откријат нивните прекрасни и уникатни внатрешни зраци светлина.
Џена Нелсон
Таа започнала компанија со намера да шири позитивност преку пораки на шолји. Денес, нејзиниот бренд се проширил во најразлични дизајни на мантри кои можат да се најдат на голем број објекти, како магнети и честитки. Нејзините разиграни и позитивни пораки се целосно освежувачки, особено кога денот не ви оди во насоката во која сакате.
Мариса Лејс
Илјадници луѓе се дел од интерактивното движење на Инстаграм започнато од оваа креативна девојка, познато како кампањата #YearofYou. Придружете се на патувањето со цел да откриете кои книги да ги читате, кои места да ги посетите и какви искуства да бркате.