7 факти што не сте ги знаеле за земјата на лалињата и ветерниците

7 факти што не сте ги знаеле за земјата на лалињата и ветерниците

Холандија е мала европска земја која најчесто е поврзана со лалиња, ветерници и одлични фудбалери, а според приказните е прилично пријатно место за живеење.

7 факти што не сте ги знаеле за земјата на лалињата и ветерниците

1. Нема кучиња скитници

Кога го читаме ова, веднаш помислуваме колку би било убаво нашите четириножни пријатели да уживаат во овој статус во секоја земја. Животните, а особено кучињата се високо заштитени во Холандија, па затоа може да завршите зад решетки за злоупотреба.

2. Куќи на граница

На еден дел на границата со Белгија, границата буквално е одделена само со неколку куќи и згради, така што практично може да се пофалите дека живеете во две земји истовремено.

3. Портрети во бањата

Можеби звучи чудно, но Холанѓаните често чуваат портрети и фотографии од своите најблиски во бањата.

4. Удобност на прво место

Иако ние често ги поврзуваме Холандија и Амстердам со диви и луди забави, тука е многу важно сите да се чувствуваат удобно. На пример, многу кафулиња и супермаркети во Холандија работат до 18 часот.

5. Малку поинаква брза храна

И додека виршлите, хамбургерите и сличните производи ги има низ целиот свет, во Холандија тие не се никаде толку популарни како компирите, кои се прават тука на 100 начини. Една од омилените комбинации на Холанѓаните се компири со кромид, што може да се најде во многу ресторани за брза храна.

6. Завесите практично не постојат

Традицијата да не се ставаат завеси на прозорците датира од средниот век, кога секој Холанѓанец сакаше да му покаже на соседот дека нема што да крие.

7.  Арката на Ное

Целата историја на Холандија се заснова на постојаната борба со зголемувањето на нивото и поплавите, но, сепак, нема потреба од паника. Еден богат жител на земјата изгради вистинска права репликар Арката на Ное и можете да ја видите во близина на градот Дордрехт.

Прочитајте зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар