7 екстремни спортови кои треба да ги пробате
Екстремните спортови не се само за зависниците од адреналин со долгогодишно искуство. И обичниот човек има можност да ја почувствува акцијата и возбудата. Всушност, никогаш досега не било полесно да се обидете во сноубординг, падобранство или скокање со параглајдер од карпа.
Возбудата не може да се спореди со ништо, но секако има и други придобивки. Екстремните спортови ќе ве одржуваат во одлична форма, ќе ве одведат на најубавите места во светот и ќе ве запознаат со многу страсни луѓе. Во продолжение прочитајте за 7-те екстремни спортови кои и вие би можеле да ги пробате, од кои некои се прилично лесни, но некои од нив бараат и голема храброст.
1. Планински велосипедизам
Слично како и обичниот велосипедизам, планинскиот вклучува возење по земјени и неасфалтирани патеки. Теренот вообичаено овозможува поголем отпор на телото, па токму поради тоа е и одлична вежба за негово обликување. Скоро секој може да се занимава со овој спорт, ако има соодветен велосипед и избере добро место за возење.
2. Болдеринг
Станува збор за активност слична на качувањето по карпи, освен што во овој случај нема јажиња и заштитна опрема. Едноставно со голи раце се искачувате по карпите. Да, звучи опасно, но болдерингот всушност се изведува на релативно мали карпи, ретко повисоки од 2 метри. Потребни се специјални чевли за дополнителна сигурност, како и креда за рацете да ви бидат суви. Тоа е одлична можност за тренинг, како и за забава.
3. Сноубординг
Сноубордингот е еден од најпопуларните екстремни спортови во светот затоа што е неверојатно забавен. За почетници секако не е лесен, но кога еднаш ќе воспоставите баланс, веднаш ќе станете зависни.
4. Кајакарство на диви води
Кајакарството на диви води може да биде навистина тежок и прилично опасен спорт. За да успеете да се справите со дивите бранови треба да имате голема храброст, но токму тоа го прави ова искуство забавно и возбудливо.
5. Скокање со падобран
Скокањето од авион од илјадници метри височина е екстремно, но денес скоро секој може да го направи тоа. Фактот што поранешниот претседател Џорџ Буш го прославил својот 90-ти роденден со скок со падобран, ни покажува дека никогаш не е доцна да се обидете и вие.
6. Скокање со параглајдер од карпа
Ова се смета за поопасен спорт од скокањето со падобран, но е неверојатно возбудлив и доколку се изведува под контрола на професионалец и со правилен тренинг, може да го изведе секој страстен аматер.
7. Скокање од карпа во вода
Ако мислевте дека скокањето од карпа со параглајдер е страшно, обидете се да го направите тоа без него – со скок во вода. Секако, ова е навистина екстремно за почетници, но вреди да се научи. И доброто е што за овој скок не ви потребна посебна опрема.