7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробате
За разлика од вообичаениот вкус на пиво, кој несомнено предизвикува уживање, потребна е извесна храброст да ги нарачате овие пива. Тие содржат многу поголем процент на алкохол, но имаат и поспецифичен вкус.
Brauerei Schloss Eggenberg Samichlaus Bier
Со 14% алкохол, ова е едно од најблагите пива во светот. Се произведува во Австрија, каде што се чека да отстои 10 месеци колку што трае процесот на добивање сладок вкус.
Goose Island Bourbon County Stout
Овој чикашки бренд не е премногу јак со своите 14% алкохол, но неговите вкусови го прават екстремен пример. Откако ќе се произведе, отстојува во стари дабови буриња во кои порано имало бурбон. На крај, добива вкус на изгорен даб, ванила, карамела и чоколадо.
Dogfish Head Worldwide Stout
Наводно „откачената количина јачмен“ употребена во производство на ова пиво му дава несекојдневен сладок финиш кој го скокотка грлото после голтката.
Samuel Adams Utopias
Семјуел Адамс произведува само 10.000 шишиња од по 750 мл годишно и ги продава по неверојатни 200 долари за шише. Многумина сметаат дека тоа е превисока цена за пиво кое се меша со јаворов сируп, макар ги содржел и оние 27% алкохол.
Dogfish Head 120-Minute IPA
Ако можете да ја издржите неговата горчина, тогаш можете да си нарачате едно вакво пиво. Неговите 18% алкохол се 4 пати повеќе одошто кај вообичаеното пиво, но поради начинот на производство е 15 пати погорчливо од вашето омилено пиво.
North Coast Old Stock Ale Cellar Reserve 2009
Малата калифорниска пиварница Норт Коуст ставила од пивото Олд Сток Ејл во буриња во кои порано имало бурбон и добила пиво со мек вкус кое лесно се пие. Во вкусот се чувствуваат траги од бурбон, лешници и кафеав шеќер.
Nøgne Ø Dark Horizon (2nd edition)
Нугну е норвешко пиво правено според руски рецепт и е вистински предизвик за секој пивски ентузијаст. Во неговиот вкус се чувствуваат различни зачини кои му даваат аура на мистериозност. Содржи 17,5% алкохол.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
koga bi probal bi dal podroben komentar