7 ефективни начини да се соочите со разочарувањето
Според една стара поговорка:
„Разочарувањето е очекување поделено од реалноста.“
Ако се водиме по оваа формула, тогаш најдобриот начин да го намалите разочарувањето би бил да ги намалите и очекувањата. Иако овој метод може да ги држи разочарувањата под контрола, сепак постои ризик од култивирање на песимистичко и негативно размислување кое може целосно да ги уништи храброста и надежта. Или, како што познатата авторка Џ.К. Роулинг нѐ потсетува:
„Невозможно е да живеете без да доживеете неуспех во нешто, освен ако не живеете толку внимателно што можеби и воопшто не живеете – кога пак автоматски доживувате неуспех.“
Наместо да се обидувате да ги избегнувате разочарувањата, научете да пловите низ нив со помош на овие стратегии:
1. Направете го спротивното. Во стресните ситуации, луѓето се повлекуваат и се кријат зад своите лоши навики, како што се лошата исхрана и недоволното спиење. Токму во овие моменти треба да се обидете да водите што поголема грижа за себе.
2. Што би направил X? Помислете на вашиот идол или личноста на која ѝ се восхитувате и размислете што тие би сториле доколку се на ваше место. Логично е да не ги имате сите одговори. Не барајте совет и мудрост само во себе.
3. Искористете ги вашите сили и предности. Најпрвин, одвојте малку време да ги идентификувате вашите силни страни. Потоа искористете ги на секој можен начин за да можете успешно да ги пребродите сите пречки и да продолжите понатаму.
4. Што е најважно? Вашите вредности се она што ве дефинира, а не вашите достигнувања.
5. Комуницирајте. Немојте да се обидувате сами да ги решите проблемите и да ги исклучите семејството и пријателите. Нивната поддршка е она што може успешно да ве води низ сите предизвици.
6. Што можам да научам од ова? Поставувањето на ова прашање е основа за секое успешно созревање. Трудот не е секогаш сѐ. Бидете љубопитни и флексибилни. Што би направиле поинаку нареден пат?
7. Бидете својот сопствен глас на разумот. Можеби ќе ви звучи малку чудно, но истражувањата покажуваат дека кога си се обраќате себеси во трето лице, посебно во позитивните ситуации, има многу поголема веројатност да бидете во контрола и да ја намалите анксиозноста (на пример, наместо да речете „Јас ќе успеам“, речете си „Стефанија, ти ќе успееш.“).