7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртви
Кога ќе размислите, постои и модерна верзија на жртвувањето луѓе. На пример, војниците кои се испраќаат во војна. Прашањето е дали некој моќен и денес верува во „моќта“ на човечките жртви? Овие општества правеле ритуали во кои жртвувале бебиња, деца и возрасни. Овие жртвувања биле толку ужасни и чудни што ќе ве натераат да размислите како луѓето биле убедени да ги изведуваат.
1. Ацтеки
Како и секоја друга култура што го обожувала богот на сонцето, и Ацтеките жртвувале луѓе. Во главно им ги ваделе срцата, ритуал преку кој ја обединувале душата на жртвуваниот со сонцето. Добро е познато дека Ацтеките правеле човечки жртви. Наводно го правеле ова од 1300-тите до 1500-тите, односно додека не биле освоени од Шпанците. Шпанците биле насилни и безмилосни, па лидерите на Ацтеките принесувале човечки жртви.
2. Келти
Наводно Келтите принесувале човечки жртви како дел од нивните религиски ритуали. Грчкиот географ и филозоф Страбо ги спомнал келтските човечки жртви во неговата книга „Географија“:
„Тие го удираат човекот одреден за жртвување со меч по грбот и прават пророштва врз основа на неговите движења. Го жртвуваат без присуството на друидите. Прават голема фигура од слама и дрво и во неа ставаат диви животни и луѓе. Потоа целата ја горат.“
Многу експерти се сомневале во тврдењето на Страбо, но тоа се покажало како точно кога било откриено тело на маж кое ги потврдило приказните. Телото било тепано, задавено и му било пресечено грлото.
3. Кинези
Многу одамна, од 1600-та до 1046-та година п.н.е. во Кина се принесувале голем број човечки жртви за време на династијата Шенг. Овие жртвувања биле и религиозни, но и за политичка контрола. Постоеле 3 вида жртвување – јама, темел и интернирани.
За жртвувањата во јама биле користени млади и здрави мажи кои биле сечени на парчиња и закопувани без нивниот материјален посед. Бебињата и децата биле жртвувани на навистина насилен начин и биле закопувани без нивните поседи. Во последниот вид се убивале млади девојки и се закопувале со малку повеќе почит за разлика од другите.
4. Картагинци
Општеството на Картагинците било богата и моќна древна цивилизација. Но повеќе моќ и богатство значи и повеќе зло. Овие луѓе убивале деца за да ја добијат наклонетоста на боговите и да го заштитат богатството на богатите. Озлогласени се бидејќи жртвувале бебиња и мали деца. Помеѓу 800-та и 146-та година п.н.е. биле жртвувани околу 20.000 бебиња.
5. Етрурци
Историчарите не сакале да веруваат дека овие луѓе кои им претходат на Римската католичка црква и Римската империја принесувале човечки жртви. Вистината е дека и тие убивале деца поради ритуали. Од тој период било пронајдено обезглавено тело на 8-годишно момче. Неговите стапала биле внимателно поставени под ѕид. На местото имало камен олтар и окултни симболи. Ова општество било богато, но не и моќно.
6. Хавајци
И Хавајците принесувале човечки жртви, но овие гласини можеби и не се точни. Некои од изјавите потекнуваат од Жак Араго од раните 1800-ти. Наводно, древните Хавајци верувале дека Ку, нивниот бог на војната и одбраната, може да биде задоволен со убивање луѓе. Но во главно се жртвувале поглавари од другите племиња, а не невини луѓе. Сепак и овие жртвувања биле брутални. Ја собирале потта од обесените луѓе и ја нанесувале на телата на свештениците. Го удирале телото на жртвата, го осакатувале и го јаделе човечкото месо.
7. Месопотамјани
Вавилон е познат по човечките жртви. Овој град бил сместен во Месопотамија, односно на територија на денешен Ирак. Во Библијата се спомнува за жртвувањата на деца во Вавилон. Исто така биле жртвувани и возрасните за да ги придружуваат нивните лидери во задгробниот живот.
Дознајте нешто и за најужасните смртни казни низ историјата.