7 цитати кои докажуваат дека браќата се неверојатни
Растењето со брат, особено кога е постар, може да биде вистински предизвик. Од вежбање боречки вештини на вас, до секакви будалштини, браќата имаат уникатен начин да ја покажат нивната љубов. Сепак, иако тој ве задевал, не дозволува никој друг да ве допре. Тој секогаш е овде да ве заштити. Браќата навистина остануваат најдобрите пријатели.
„Колку чудни суштества се браќата!“ – Џејн Остин
„Нема друга љубов како љубовта кон братот. Нема друга љубов како љубовта која ја дава братот.“ – Астрид Алауда
„Не верувам дека случајноста на раѓањето ги прави луѓето браќа или сестри. Тоа ги прави семејство, им дава заеднички родители. Сестринството и братството се нешто на што луѓето треба да работат.“ – Маја Ангелоу
„Братот е пријател даден од природата.“ – Непознат автор
„Најубавите моменти од моето детство се кога успевав толку многу да го насмеам брат ми, што храната почнуваше да му излегува од носот.“ – Гарисон Кејлор
„За надворешниот свет, сите ние старееме. Но, не и за браќата и сестрите. Ние се знаеме онакви какви што отсекогаш сме биле. Ги знаеме нашите срца. Ги делиме приватните семејни шеги. Ги паметиме тајните на семејството, тагите и радостите на семејство. Ние живееме надвор од допирот на времето.“ – Клара Ортега
„Брат и сестра, заедно како пријатели, подготвени да се соочат со сè што има да понуди светот. Среќа и смеа, или солзи и тага. Држејќи се за раце ние танцуваме низ животот.“ – Сузи Хуит
Погледнете ги и овие фотографии кои покажуваат колку е убаво да се има брат или сестра.