7 чудни начини на кои месечината може да влијае врз вашето расположение
Луѓето ги поврзувале промените во расположението со месечината веројатно уште од почетокот на времето. Во минатото, истражувањата нашле некаква поврзаност помеѓу лунарните циклуси и бројот на психијатриски итни случаи. Но дали месечината навистина може да влијае врз нашето расположение и однесување? Според некои експерти, веројатно да.
1. Полната месечина може да ве направи склони кон насилно однесување
Полицијата и оние кои следат случаи со насилство, веруваат дека полната месечина може да предизвика повеќе насилство од кој било друг период во месецот. Всушност, едно истражување во кое биле разгледувани полициските досиеја во Флорида во период од 5 години, покажало дека околу полната месечина имало зголемен број на убиства и напади. Наводно, во зависност од карактерот и наталната карта на личноста, во комбинација со месечината, некои луѓе не би можеле да го контролираат нивното однесување. Се разбира, потребно е многу истражување за да се потврди ова, но некои истражувачи веќе нашле некакви врски.
2. Полната месечина може да предизвика проблеми со спиењето, а со тоа и да го влоши расположението
Месечината можеби има, а можеби и нема влијание врз однесувањето, но дефинитивно може да го наруши циклусот на спиење. Едно истражување од 2013-та година покажало дека лунарните фази можат да имаат големо влијание врз спиењето. Испитаниците поминале најмалку време во длабок сон додека месечината била полна. Исто така, тие изјавиле дека квалитетот на нивниот сон бил најлош во овој период. Интересното е што испитаниците биле во контролирана околина и не знаеле колку е часот. Според истражувачите, оваа поврзаност претставува мистерија, но сметаат дека нашиот внатрешен биолошки ритам е поврзан со месечевиот циклус.
3. Младата месечина може да ве натера да размислувате за себе
Кога месечината е млада, таа не е видлива на небото. Нема светлина, па нашето ниво на енергија е пониско. Луѓето често изјавуваат дека се чувствуваат уморно во овој период и како да сакаат да се затворат. За време на младата месечина, луѓето настојуваат да размислуваат за себе. Па доколку сакате нов почеток, младата месечина е совршениот период да размислите што сакате од животот.
4. Првата половина од лунарниот циклус може да направи да се чувствувате мотивирано
Младата месечина им е посветена на целите и намерите. Како што месечината расте во првата половина од циклусот, можеби ќе забележите зголемено ниво на енергија и мотивација. Обично во овој период, луѓето интуитивно започнуваат нови проекти и ги завршуваат обврските. Кога месечината ќе почне да се зголемува, можно е да се чувствувате обновено.
5. Полната месечина може да ве направи анксиозни
Полната месечина со себе носи и многу енергија. Поради овој интензитет, можно е да се чувствувате анксиозно и поемоционално од вообичаено. Полната месечина може да ги направи соништата поживи или да ги претвори во кошмари, што дополнително влијае на нивото на анксиозност.
6. Намалувањето на месечината може да ве натера да забавите
Како што се намалува месечината, можно е да почувствувате потреба да забавите. Наводно, ова е добар период да размислите за нештата од коишто треба да се ослободите во животот или да откриете на кое поглавје му доаѓа крајот.
7. Полната месечина може лесно да ви го промени расположението
Кога има полна месечина, понекогаш нарекувана и „месечина на љубовниците“, луѓето кои се во врска може да се чувствуваат попривлечено од нивните партнери. Но, ова чувство може да трае кратко. Бидејќи полната месечина ги прави луѓето поемоционални, дури и најмалата расправија може да ескалира повеќе од потребното.
Луѓето ѝ ги припишувале промените на расположението на месечината речиси отсекогаш. Иако можеби постојат некои врски, сепак е потребно дополнително истражување пред да ја „обвиниме“ месечината за нашето однесување.
Бидејќи наближува полната месечина, погледнете зошто ова е период кога треба да почнете со остварување на вашите цели.