6 знаци дека ви се отвора третото око
Често се повикуваме на постоењето на шестото сетило, на длабоко разбирање на светот во кој живееме и луѓето со кои го делиме. Се верува дека секој поседува трето око, но само мал број луѓе ширум светот го имаат разбудено овој свој дел. Отворањето на третото око е процес којшто кај некои трае цел живот, додека пак, други нема ни да сфатат дека веќе го оствариле тоа. Вистинската тајна не лежи во отворањето на третото око, туку во неговото препознавање. Погледнете ги следниве 6 знаци дека вие (не)намерно веќе сте го отвориле третото око.
1. Чудни и реални соништа
Секоја ноќ се транспортирате во неверојатно реален свет. Меѓутоа не станува збор за какви било соништа. Се чувствувате како навистина да сте таму, доживувајќи сè од прва рака, а самите соништа се бизарни и хаотични. Доживувате збунетост и најверојатно ви е тешко да останете во сонот. Тоа има неверојатно негативно влијание на квалитетот на вашиот сон.
2. Живот помеѓу реалност и фантазија
Кога ви е отворено третото око, светот околу вас го доживувате како во соништата. Тоа е така затоа што третото око не е поврзано со овој свет. Вие можете да видите многу повеќе од тоа што се наоѓа тука и сега, можете да стекнете увид во различни области. Затоа и понекогаш може да ви биде тешко да разликувате што е реално, а што не.
3. Промени во исхраната
Бидејќи станувате свесни за вибрациите што постојат помеѓу вас, како и за внатрешноста на своето тело, вие ќе почнете почесто да ги забележувате токсините што се наоѓаат во светот околу вас. Храната што ја консумирате ќе почнете да ја гледате во ново светло, одеднаш свесни за хемикалиите, конзервансите и нечистотиите. Тоа ќе ве натера да почнете да барате здрава, хранлива храна.
4. Длабоко разбирање на односите
Третото око ни помага да ги видиме и да ги сфатиме душите на оние што ги среќаваме, вклучувајќи ги нашите пријатели, семејството, соседите, соработниците, случајните минувачи… Овој нов увид ќе ви овозможи ново разбирање на врските и односите.
5. Необјасниви главоболки
Кога чакрите се порамнети и сè работи оптимално, тие ја прочистуваат енергијата која се движи и која влегува и излегува од нашите тела. Ова е важно за нашето целокупно здравје, како и за нашата добросостојба. Ако се често се чувствувате болно, тоа е затоа што овој систем не успева да работи оптимално. Еден од најраните знаци дека тоа се случува се ненадејните, необјасниви мигрени.
6. Развивање моќи
Будењето на третото око може да поттикне будење на латентни видовити моќи кај одредени луѓе. Можеби претходно сте имале силно чувство во стомакот, но одеднаш ви изгледа како да е нешто многу посилно. Немојте да ја игнорирате оваа промена. Можеби вашата дарба е многу поголема одошто некогаш сте замислувале.
Дали имате шесто сетило? 6 знаци кои покажуваат дека сте чувствителни на енергија.