6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

Сите сакаме да мислиме дека еден ден ќе стапиме во брак со личност која ќе ја сакаме повеќе од сите други, дека тоа засекогаш ќе биде убаво и никогаш нема да тргне наопаку, но знаеме дека тоа не е секогаш така. Приказните на овие жени ќе го потврдат тоа.

6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

„Кога тој стана емоционално недостапен“

„Се омажив многу млада, а се верив на 19 години. Сепак, мојот брак беше добар во првите пет години. На мојот сопруг му се случи трагедија во семејството и почна да станува многу чуден. Се криеше за да пуши, а кога го открив и го прашав зошто не ми кажал, тој ми рече ’Затоа што не праша’. Се чувствував чудно затоа што не го прашав толку специфично прашање како ’Дали се криеш од мене за да пушиш цигари на прозорецот на бањата’, но подоцна тој ми рече и дека не го разбирам. Единствената личност која го разбираше… беше неговиот најдобар другар од седмо одделение со кого контактираше еднаш во можеби три години.

Тоа беше првата епизода во која имав сомнежи, но ако се навратам на нашата осма година во брак, немавме водено љубов три и пол години и кога му кажав дека не можам повеќе вака, тој ми рече дека имам нереални очекувања за сексот затоа што гледам романтични серии како ‘Канцеларија’ (The Office) и си мислам дека таков треба да биде и реалниот живот. Разведени сме веќе три години.“

„Кога тој стана нечувствителен и неверен“

„Моментот во кој сфатив дека мојот брак беше грешка: кога мојот поранешен маж ми се извини за ’онлајн врската’ што ја имал со жена од Њујорк затоа што ’ја знаел подолго од мене’. Еден ден откако се вратив дома од болница после раѓањето на нашиот прв син со итен царски рез, побара од мене да го заменам маслото на автомобилот додека тој играше плејстејшн. Или мојата омилена случка: кога нашиот првороден син имаше само три месеци, тој даде отказ од работата во Гринич и сфати дека сака да ја искористи нашата заштеда за да стане ’Кралот на тревниците во Хемтпонс’. Само една недела откако ја промени кариерата, тој сфати дека не го бива за физичка работа откако со косилката за трева го искрши скапиот лизгачки прозорец на еден клиент. Се зедовме кога бевме млади и глупави.“

6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

„Душкаше“

„Два дена откако се зедовме мојот драг сопруг го прегледуваше мејлот на поранешната свршеница. А јас токму тогаш влегов во собата.“

„Не го сакав“

„Имаше неколку работи во мојот брак поради кои на оние кои гледаа отстрана им беше јасно дека тој нема да успее. Бев многу млада кога се омажив, имав само 18 години, а тој 24. Тој почна да ме изневерува тајно пред да премине на отворено излегување со други љубовници и враќање и оддалечување помеѓу мене и која и да беше таа што му помагаше ’подобро да ги согледа работите’. Но, ништо од ова не ме натера да мислам дека бракот беше грешка.

Дури и откако се откажав од сè и побарав развод, не мислев дека тој беше грешка. Тоа го сфатив дури по неколку години. Бев во една група пријатели кога почнавме да зборуваме за нашите поранешни партнери. Јас кажав дека не чувствувам омраза, одбивност, гнев, ниту љубов, или што било друго кон мојот поранешен сопруг. Тоа што го чувствував за него беше истото што го чувствував и за кој било непознат што би го сретнала на улица – му посакувам само добар живот. Чувствував нешто само поради нашите деца и затоа што тој не беше дел од нивните животи.

Тогаш конечно сфатив дека сум се омажила од погрешни причини. Да се омажев за него кога сум била лудо вљубена и кога не сум можела да замислам иднина без него, пак би останало некакво чувство и откако се разделивме. Кога пак ќе се омажам и ако воопшто се омажам, се надевам дека ќе имам ладна глава и ќе бидам доволно зрела да знам дека овој пат тоа го правам од вистински причини и за последен пат.“

6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

„Му требаше голема помош, но тој ја одби“

„Кога се вративме од меден месец не можев да го најдам никаде. Погледнав во мојата канцеларија и го најдов под бирото склопчен во позиција на фетус.

‘Зошто го правиш ова?’

’Знаеш, би требало да сум на лекови.’

’Колку долго не си ги зел?’

’Пет години или така нешто…’“

„Сè изгледаше како да е наопаку“

„Иако е стресно, планирањето на свадбата треба да биде возбудливо. Тоа беше моментот во кое сфатив, односно повторно сфатив, дека мажењето е лоша идеја. Поканите беа мајсторски изработени, но исфорсирани. Откако конечно го избравме дизајнот, буквите делуваа некако погрешно. Немаше вистина позади тие убави зборови. Со изборот на песната за првиот свадбен танц беше исто. Иако сите песни беа романтични и трогателни, ниту една не беше правата. Секоја песна правеше да се чувствувам како голем измамник, како да одев низ сето тоа без вистински емоции. Кога нечие срце не е загреано за нешто, мозокот треба да го преиспита изборот што тоа го направило.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар