6 заблуди за срамните влакненца кои треба веднаш да ги заборавите
Магичен тепих, грмушка… постојат доста имиња за срамните влакненца, но и доста гласини за нивната намена и се разбира сите тие се однесуваат на жените. Но благодарение на експертите што направиле голем број истражувања, слободно уште веднаш заборавете на овие 6 митови за нив.
Мит број 1: Срамните влакненца штитат од полово преносливи болести
Вистината е: Токму спротивното, срамните влакненца може да бидат плодна почва за бактериите. Многу жени погрешно претпоставуваат дека срамните влакненца ги штитат од добивањето генитални брадавици и полово преносливи болести кои се добиваат со физички контакт. „Срамните влакненца не се доволни за заштита од полно преносливите болести“, вели д-р Сејал Сах, дерматолог од Њујорк. „Всушност, тие може да допринесат во нивниот развој. Резултатите од студијата која е спроведена во Кина покажуваат дека присутниот ХПВ во машките срамни влакна може да премине на неговата партнерка“, појасни дерматологот.
Мит број 2: Срамните влакненца го намалуваат сексуалното задоволство
Вистината е: Ова зависи од вкусот на партнерите. Многумина сметат дека влакненцата претставуваат своевидна заштитна фолија при допирот на кожата со кожа. Вистина е дека голата кожа во гениталното подрачје овозможува појака поддршка, но тоа не им е потребно на сите.
Мит број 3: Бојата на косата и бојата на срамните влакненца се поклопува
Вистината е: Иако тоа е една од најстарите заблуди, вистината е дека бојата на срамните влакненца се поклопува со бојата на веѓите.
Мит број 4: Голем број влакненца „таму долу“ делува како афродизијак
Вистината е: И ова зависи од вкусот на партнерите, но факт е дека срамните влакненца се полни со феромони, па логично е да делуваат на тој начин. „Лојните жлезди лачат супстанци кои на почетокот се без мирис, но кога ќе се измешаат со бактериите кои се наоѓаат во косата или кожата произведуваат мирис кој е наречен феромон. Колку повеќе влакна има една личност, толку повеќе феромони содржи, бидејќи на нив има повеќе бактерии. Личностите со чувствителен мирис може да бидат привлечени од него“, вели д-р. Сејал Сах.
Мит број 5: Срамните влакненца никогаш не престануваат да растат
Вистината е: Срамните влакненца растат до одредено ниво и потоа започнуваат да паѓаат и да растат нови на нивното место. Должината варира, но главно тие се долги околу еден сантиметар. Со текот на годините срамните влакненца може да станат потенки, особено после менопаузата. Исто како и косата која станува поретка и со пофина структура.
Мит број 6: Ако имате чувствителна кожа не би требало да се бричите „таму долу“
Вистината е: Можеби е доволно само да го промените пристапот на отстранување на влакненцата. Секогаш е потребно да користите пена или крема за бричење, бидејќи така не доаѓа до оштетување на кожата, па ниту бактериите не добиваат прилика да ги создадат оние мали и неудобни плускавици на кожата. Исто така, вреди да размислите и за депилација со восок или ласерско отстранување на влакненцата.
Ви предлагаме да одвоите малку време и да прочитате што навистина мислат мажите за средување на вашата интимна фризура.