6 вистински приказни кои би биле одлични холивудски филмови
Понекогаш животот создава приказни во кои е навистина тешко да поверувате. Актерка се вљубува во алкохоличар бездомник, жена посвојува хендикепирано девојче кое станува атлет… Од сите овие приказни би можеле да се направат неверојатни филмови. Проверете и самите.
1. Актерка се вљубила во бездомник алкохоличар
Еми Абрахамсон од Шведска запознала еден маж во Амстердам во 2006-та година. Веднаш сфатила дека е бездомник бидејќи бил валкан, но „паднала“ на неговите прекрасни кафени очи. Неговото име било Вик Коцула. Разговарале и Еми се согласила повторно да се сретнат. Парот изјавил дека веднаш почувствувале хемија.
Подоцна Еми се вратила во Виена каде што живеела тој период. Не ни помислила дека повторно ќе го види Вик. Но по 3 недели тој ѝ се јавил. Оттогаш поминале 10 години, тие се во брак и имаат близнаци. Поранешниот бездомник се откажал од алкохолот и станал машински инженер, а Еми напишала книга за нивната љубов што станала бестселер.
2. Уништената фреска на Исус
Во 2012-та година, постарата жена Сесилија Гименез реставрирала фреска од Исус наречена „Ecce Homo“, која била изработена во 1930-та од страна на Елиас Гарсија Мартинез. Сесилија го направила лицето целосно непрепознатливо. Нејзиното дело станало мета на многу шеги и покрај обидите на професионалците, фреската не може да се врати во оригиналната состојба.
Но работата на Сесилија привлекла многу внимание и туристите редовно го посетуваат шпанскиот град за да ја видат. Дури сакаат и да платат и чекаат во ред да купат сувенири со изменетото лице на Исус. Градот навистина се збогатил благодарение на Сесилија.
3. 5 месеци на океан
Две Американки, Џенифер Апел и Таша Фуава, решиле да одат на едрење од Хаваи до Тахити. Ги зеле нивните две кучиња и тргнале од Хонолулу со план да стигнат на крајната дестинација за 18 денови.
Имале проблеми со моторот поради лошото време, но продолжиле понатаму мислејќи дека ќе стигнат до копно. Почнале секојдневно да праќаат сигнал за помош, но биле многу далеку од други бродови и станици на брегот. Дури имале инцидент кога јахтата им била нападната од ајкули. Таша и Џенифер поминале цели 5 месеци јадејќи ориз и овес и користејќи прочистувачи на вода. Биле најдени од рибари од Тајван на 800 километри од Јапонија и биле спасени од морнарицата на САД. Дотогаш на девојките им завршиле сите залихи и изгубиле надеж дека ќе преживеат.
4. Жена посвоила хендикепирано девојче кое станало атлет
Биолошките родители на Оксана ја оставиле во сиропиталиште во Украина веднаш откако се родила. Не сакале да имаат ќерка со различна должина на нозете, без палци и 6 прсти на секоја нога. Девојчето било тепано во сиропиталиштето и често немала храна. Оксана била посвоена од Американката Геј Мастерс, патолог за говор и јазик при Универзитетот во Луисвил. Геј ја видела фотографијата од малата Оксана и не можела да ја тргне од мислите. Поминала 2 години обидувајќи се да ја посвои.
Во САД и двете нозе ѝ биле ампутирани. Мајка ѝ ја терала да проба да спортува, вклучувајќи и веслање со група деца со инвалидитет. Оксана станала толку добра што освоила бронзен медал на Параолимписките игри во 2012-та година во Лондон. Тогаш решила да ги проба и зимските спортови и освоила сребрен и бронзен медал во Сочи во 2014-та. Оксана е и велосипедист.
5. Жена го напуштила сопругот и трите деца за да живее во џунгла
Во 1970-тите, Кенет Гуд, антрополог, го проучувал племето Јаномами кое живее во Јужна Венецуела. Им го научил јазикот и се венчал со двојка од племето по име Јарима која подоцна се преселила со него во САД. Парот имал 3 деца, но Јарима се чувствувала осамено во Њујорк и кога нивниот најстар син Дејвид имал само 5 години, решила да се врати во амазонската шума.
Дејвид не можел да разбере зошто мајка му ги напуштила и пораснал со лоши чувства кон неа. Подоцна ги прочитал мемоарите на татко му за племето и мајка му и сфатил дека сака да ја запознае. По 3 дена на реката Ориноко, тој стигнал до селото и ја видел мајка му по 20 години разделеност. Моментално Дејвид ја проучува културата на племето и е горд на неговото потекло.
6. Маж и јато морски галеби уништиле хотелска соба
Во 2001-ва година, Ник Бурчил од Канада бил на службено патување и отседнувал во хотелот Fairmont Empress во Викторија. Градот бил познат по вид кулен, па неговите пријатели го замолиле да им донесе. Ник имал куфер целосно полн со кулен за неговите пријатели и морал да го чува на ладно. За жал во собата немал фрижидер, па го ставил на прозорецот, го отворил и отишол на прошетка.
Пет часа подоцна кога се вратил, го пречекало цело јато морски галеби кои го јаделе куленот. Месото не годело на нивниот дигестивен систем, и како што можете да претпоставите, целата соба била извалкана со измет. Кога галебите го забележале Ник веднаш почнале да летаат низ собата удирајќи се насекаде додека се обидувале да најдат излез. Конечно сите галеби излегле освен еден, па Ник фрлил чевел по него. Во овој момент Ник требало да биде на важна деловна вечера, па морал веднаш да го најде чевелот што паднал низ прозорецот.
Чевелот бил на улицата, но бил мокар. Ник решил да го исуши со фен, но фенот му паднал во лавабото полно со вода. Поради ова снемало струја во целиот хотел. По сите овие настани, Ник добил забрана да го посетува хотелот.
17 години подоцна тој му напишал писмо на хотелот барајќи прошка. Во писмото ги опишал настаните и повторно добил дозвола да го посетува хотелот.
Прочитајте ги и овие вистински приказни што ќе ве натераат да верувате во љубовта.