6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Постојат 2 категории акни и од тоа зависи дали тие предизвикуваат воспаление или не. Воспалителните акни се полоши во споредба со тие што не предизвикуваат воспаление, но во секој случај, треба да се консултирате со вашиот лекар за нивниот третман. Во продолжение прочитајте кои причини предизвикуваат појава на акни.

1. Бели акни

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Белите акни се неинфламаторни и имаат бел центар опкружен со црвенило. Во некои случаи, може да излезе влакно од центарот или да остане заробено внатре.

Причини: Белите акни се формираат благодарение на нечистотијата, на мрснотијата и на мртвите клетки на кожата што ги затнуваат порите.

2. Црнки

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Црнките претставуваат мали црни точки кои се испакнати над кожата. Обично, кожата околу црнката е нормална, а центарот е потемен.

Причини: Само затоа што имаат потемна боја, не значи дека црнките содржат повеќе нечистотии. Тоа е само знак дека порите се проширени и се предизвикани од затнати фоликули на влакното.

3. Папули

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Папулите се воспалителни акни што се наоѓаат под површината на кожата. Кожата околу нив е црвена и отечена. Тие се испакнати, розови, исполнети и меки. Но, тие немаат видлив центар и не се зголемуваат.

Причини:

  • Инфекција на кожата
  • Развој на мали крвни садови (ангиом)
  • Брадавици
  • Егзема
  • Алергиска реакција

4. Пустули (познати како мозолчиња)

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Мозолчињата се тенки, поголеми испакнатини кои имаат кружен центар. Центарот е исполнет со жолтеникав или белузлав гној, а кожата околу мозолчето е црвена. Всушност, тие изгледаат слично како белите акни, но мозолчињата предизвикуваат воспаление.

Причини:

  • Алергиска реакција предизвикана од храна или од алергени на животната средина
  • Каснувања од инсекти (отровни)
  • Кога кожата се затнува со мртви клетки и мрснотии

5. Нодули

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Воспалителните, болни и тврди грутки кои се наоѓаат длабоко во кожата се познати како нодули. Тие може да предизвикаат компликации на кожата како лузни и темни дамки.

Причини: Нодулите настануваат кога затнатите пори ги оштетуваат клетките и ткивата длабоко под површината на кожата.

6. Цисти

6 вида акни и што може да ја предизвика нивната појава

Кога пустулите ќе се инфицираат, тие почнуваат да болат и преминуваат во цисти. Цистичните акни се состојат од бели или црвени, болни, големи, а сепак меки грутки кои се наоѓаат длабоко во кожата, дури и подлабоки од нодулите. Исто така, тие се исполнети со гној. Всушност, тие предизвикуваат сериозни компликации на кожата како што се лузните.

Причина: Инфицирани пустули.

Прочитајте кои 6 проблеми можат марамчињата за отстранување шминка да ѝ ги направат на вашата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар