6 трикови за поевтина есенска патувачка авантура
Есента е можеби најдобриот период за авантури. Времето е совршено, што значи не мора да се справувате со горештина или да се грижите за студот. Температурата на воздухот е идеална и можете да посетите многу есенски настани.
Ќе можете да ги видите омилените дестинации во ново светло со пожолтувањето на лисјата и ќе ги направите совршените фотографии без многу туристи во позадина. Најважно од сè, ќе заштедите многу пари. Па погледнете како да патувате оваа есен без премногу да ѝ наштетите на вашата заштеда.
1. Побарајте евтини летови
Според веб-сајтот Skyscanner, оваа есен можете да најдете поволни летови за дестинации како Хелсинки, Пекинг и Њујорк. Замислете си колку би било прекрасно да шетате низ некоја метропола опкружени со живите бои на есента. Ова е одличен период да посетите некој бар на покрив или да поминете време во некој парк.
2. Одете на есенско патување со автомобил
Исклучете ја климата, попуштете ја музиката и возете се со отворени прозорци кон вашата дестинација од соништата. Нема потреба да се грижите за скапите летови или за возење на високи температури. Поделете го горивото со пријателите, спакувајте некоја ужина и вашата авантура може да започне.
3. Одете на кампување во национален парк
Спакувајте го омилениот џемпер и кампувајте во текот на есента. Нема да ви биде премногу топло, а не мора да се грижите ни за студот. На овој начин ќе заштедите на гориво, авионски билети, хотели и ресторани. Посетете некој национален парк во странство, или одете во некој од нашите. Природата е навистина неверојатна во текот на есента.
4. Прославете го Октоберфест во вашиот град
Можеби прославувањето на Октоберфест во Германија е нереално, но можете да си овозможите незаборавно искуство и во вашиот град. Подгответе германска храна, купете пиво, соберете ги пријателите и забавувајте се во вашиот двор или дом.
5. Избегнувајте ги празниците
Празниците секогаш се најскапиот период за патување, дури и во есен. Бидејќи овој период има повеќе празници и разни манифестации во многу држави, обидете се да ги избегнете овие датуми за патување.
6. Останете дома и направете си мал есенски фестивал
Нема потреба да одите далеку за неверојатна есенска авантура. Можете да посетите некој настан во вашиот град или држава. Можете да испланирате и викенд патување со вашите пријатели до некој град во близина познат по есенските фестивали и прослави.
Погледнете и кои се најдобрите есенски дестинации во источна Европа.