6 типови проститутки и местата каде што работат

6 типови проститутки и местата каде што работат

Во својата книга „Легализирање на проституцијата“ социологот Роналд Вајцер се осврнува на легалната и нелегалната проституција и притоа издвојува шест типови проститутки.

6 типови проститутки и местата каде што работат

1. Вработена во агенција за придружба

Работат на приватни места, како на пример хотели, наплаќаат висока цена за своите услуги и не е лесно да се забележат. Дел од својата заработка ја даваат на агенцијата која ги застапува.

2. Независна девојка за придружба

Од претходните се разликуваат по тоа што целиот профит го задржуваат за себе. Своите услуги ги огласуваат на интернет и така наоѓаат клиенти.

3. Вработена во бордел

Вајцер во бордели ги сместува и салоните за масажа или сауните кои даваат сексуални услуги. Вработените во бордел, без разлика дали тој е легален или не, наплаќаат пониски суми од т.н. девојки за придружба. Профитот се дели меѓу проститутката и сопствениците.

4. Излог со проститутки

Најголемиот дел од нив работат во Амстердам. Секоја девојка си има свој излог каде што најголемиот дел од времето го поминува сама, за разлика од оние во борделите кои, како што вели Вајцер, можат да уживаат во позабавна атмосфера и социјализација со гостите. Некои од излозите се поврзани со заедничка кујна и тоалет. Нивните плати се помали во споредба со претходните.

5. Вработена во бар или казино

Овие се почест случај во сиромашните земји. Тие се движат по барови, казина или некои слични објекти каде што ловат клиенти со кои имаат секс на некоја друга локација. Доколку некој сака да „изнајми“ девојка на неколку дена, обично треба да плати посебна „давачка“ на сопственикот на барот. Овој тип проститутки заработуваат мали плати.

6. Улична проститутка

Нив можете да ги видите насекаде и лесно ќе ги препознаете. Стојат или се движат по тротоари, раскрсници или паркинзи каде што бараат клиенти. Тие заработуваат најмалку од сите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар