6 теории на заговор кои можеби се вистинити

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Многу теории на заговор нè прогонуваат со години. Секоја година луѓето се обидуваат да ги гледаат историските настани од друга перспектива. Понекогаш откриваат навистина необични факти од биографиите на познатите луѓе. На почетокот, овие откритија се пречекани со смеење и шегување. Но, по некое време и по неколку нови докази, многу теории изгледаат логични, па можеби дури и вистинити. Погледнете неколку чудни теории на заговор за кои сепак има шанса да се вистина.

1. Дали постоел Вилијам Шекспир?

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Многу луѓе низ целиот свет се навистина скептични во врска со Шекспир. Дали тој воопшто постоел? Да претпоставиме дека постоел. Но како тогаш ги напишал сите свои дела без добро образование (не потекнувал од благородничко семејство)? Во филмот „Анонимен“ (Anonymous) од 2011-та година, Шекспир е прикажан како просечен актер кој се претставувал како автор на делата на Едвард де Вер. Се разбира, експертите за Шекспир воопшто не се согласуваат со оваа гледна точка. Но оваа верзија на настаните постои повеќе од 100 години и е една од најпопуларните.

2. Хитлер умрел од старост во 1984-та година

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Како што веројатно сте чуле, Хитлер извршил самоубиство на 3-ти април, 1945-та година, во неговиот подземен бункер. Неговото тело било пронајдено и идентификувано, но работите не се толку едноставни. Од ФБИ декласифицирале документи кои тврдат дека Хитлер уживал во мирен живот долго по крајот на војната. Прво се криел во Аргентина, а потоа се преселил во Бразил. Авторката на книгата „Хитлер во Бразил – Неговите живот и смрт“ (Hitler in Brazil – His Life and Death) пишува за ова. Според нејзината верзија, тој отишол таму со причина. Имал мапа на која било обележано скриено богатство. За да се скрие, Хитлер го променил неговото име во Адолф Јапциг и бил во врска со црнкиња по име Кутинга. Локалните жители го нарекувале „стариот Германец“.

3. Петар Први бил заменет

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Легендата за лажниот цар почнала да се шири откако тој се вратил во Европа и направил некои реформи. Бричење на брадите, претставување на странска облека, тутун – луѓето почнале да се грижат за европеизација. Покрај тоа, многумина забележале разлики во неговиот изглед – тој бил постар и повисок. Исто така, ги испратил сите свои роднини во манастир, веројатно со цел да ја скрие вистината. Луѓето кои ја поддржуваат оваа теорија тврдат дека Петар престанал да ужива во руските традиции, па дури и заборавил како правилно да пишува на неговиот мајчин јазик. Според оваа теорија, вистинскиот цар бил заробен и го чувале во тврдина. Според една од верзиите, тој бил Човекот со железната маска.

4. Џим Морисон ја лажирал својата смрт

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Џим Морисон, фронтменот на The Doors и еден од најдобрите пејачи на светот, според списанието Ролинг Стоунс, умрел во 1971-ва година поради проблеми со срцето. Барем така вели официјалната верзија. Тој бил многу млад, исто како и сите членови на Клубот 27. Сепак, единствената личност што го видела неговото тело е неговата девојка, Памела Курсон. Ова ги натерало луѓето да се сомневаат во неговата смрт. Постои легенда според која Џим ја лажирал својата смрт. А според Рејмонд Манзарек, клавијатуристот од бендот, Морисон заминал во Сејчелес. Всушност, ова не е прв пат да се случи нешто вакво. Многумина мислат дека Елвис Присли и Мајкл Џексон го направиле истото.

5. Аврил Лавињ е заменета со измамник од Бразил

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Слични легенди постојат и за модерните изведувачи. Според некои луѓе, Аврил Лавињ починала во 2003-та година. Оттогаш, па досега на нејзино место настапувала измамничка по име Мелиса. Девојка која изгледала како Аврил го започнала нејзиниот блог во раните 2000-ти. Таа напишала дека пејачката не можела да се справи со смртта на нејзиниот дедо, па се самоубила. Мелиса морала да помогне и да ја преземе улогата на Аврил. Изненадувачки, но оваа теорија има многу следбеници. До денес луѓето на Твитер дискутираат за нејзините фотографии и видеа и ги споредуваат со оние од минатото. Но, како да знаеме дека и Мелиса не е лажна?

6. Киану Ривс е бесмртен

6 теории на заговор кои можеби се вистинити

Ова е теорија на фановите кои забележале дека актерот воопшто не старее. Најупорните фанови направиле и веб-сајт на кој објавуваат докази. Според информациите, бесмртната душа на Киану живее веќе многу години. А во овој период тој бил многу разни луѓе. Се разбира, сите претходни животи се поврзани со мистериозна смрт. Киану е многу поразличен од останатите познати личности, најчесто се однесува како нормална личност, па многумина сметаат дека ова е поради мудроста која ја стекнал од претходните животи.

Погледнете и некои од најлудите теории на заговор од светот на литературата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар