6 телефонски повици кои засекогаш ќе останат мистерија

6 телефонски повици кои засекогаш ќе останат мистерија

Приказните за овие повици можеби ќе ве потсетуваат на урбаните легенди и хорор филмовите, но единствената разлика помеѓу нив е што тие навистина се случиле.

(5)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Теориите на заговор и нерешливите случаи отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста, па така мистеријата околу овие шест повици од минатото сѐ уште трае и останува неразрешена, додека истовремено буди и голем интерес.

1. Тинејџер кој исчезнал додека разговарал со родителите

(1)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Студентот Брендон Свонсон (19) една вечер многу доцна се враќал дома. Возел по патот покрај шумата, а потоа ненадејно излетал во ендек. За среќа, не бил тешко повреден, па трезвено согледал што се случило и решил да им се јави на родителите. Им објаснил каде се наоѓа, а кога тие се појавиле на локацијата, него го немало, исто како и автомобилот.

Следните 45 минути ги поминале во разговор со Брендон, кој и понатака тврдел дека се наоѓа на локацијата која претходно им ја кажал и дека ги гледа светлата од блискиот град. На среде разговор одеднаш извикал „Ох, по ѓаволите“ и тие повеќе не слушнале ништо од него. Брендон Свонсон се смета за исчезнат од 14 мај 2008 година.

После 120 дена неговиот автомобил бил пронајден. Телефонските записи откриваат дека Брендон бил оддалечен 32 километри од локацијата на која мислел дека се наоѓа. Една од можностите е дека паднал во река, а неговиот телефон ѕвонел и неколку дена после исчезнувањето.

2. Една деценија примал закани преку телефон

(2)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Башир Коучаци во седумдесеттите години од минатиот век го напуштил Либан и во Вашингтон отворил успешен марокански ресторан. Тоа на некого очигледно му пречело, па решил во следните десетина години да го малтретира преку телефонски повици.

Цели девет години некој упорен човек секојдневно се јавувал и во ресторанот и во домот на Башир. Како што поминувало времето, така и нештата се влошувале. Повиците зачестиле, а личноста од другата страна на врската почнала да имитира глас од мало девојче.

Кога Башир отпатувал во Филаделфија, во посета на својата сестра, повиците продолжиле и таму, иако во тоа време сѐ уште не постоеле мобилните телефони. Тие ѕвонеле на домашниот број од неговата сестра. Кога ФБИ го презеле случајот, работите станале уште почудни. Се покажало дека повиците доаѓаат од различни телефонски говорници, па според тоа немало никакви шанси тоа да го правела само една личност. Со тек на време, повиците станувале сѐ поретки, а целосно прекинале во текот на 1995 година. Никогаш не се открило кој стоел зад нив.

3. Медицинска сестра која никој повеќе не ја видел

(0)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Медицинската сестра Дона Лас (25) во седумдесеттите години од минатиот век работела во брза помош, која била дел од казиното во Солт Лејк Тахо во Калифорнија. Едно утро нејзиниот работодавач и шеф добил повик од непознат маж кој се претставил како член на нејзиното семејство и објаснил дека Дона ќе отсуствува од работа извесно време поради здравствени причини.

Нејзиниот шеф се посомневал во приказната и ѝ се јавил на нејзината мајка која го негирала сето тоа. Набрзо била спроведена истрага и автомобилот на Дона бил пронајден пред нејзиниот стан. Но, таа никогаш повеќе не била видена. Шест месеци подоцна, новинарот Пол Ејвори добил порака, слична како тие што ги добивал од легендарниот сериски убиец Зодијак. Нејзиниот убиец сакал полицијата да мисли дека Дона ја убил Зодијакот, но не внимавал на еден детаљ – дека овој сериски убиец никогаш не ги криел своите жртви.

4. Поради анонимен повик, го осудиле за убиство на својата сопруга

(6)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Вилијам Валас во 1931 година работел како продавач на осигурување. Кога една вечер пристигнал во шаховскиот клуб, Валас примил порака – го барал извесен Р. М. Куалтрог и сакал да се сретнат следниот ден во 19:30 часот. Тој му ја оставил и својата адреса. Валас следниот ден влегол во воз и се упатил кон другиот крај од градот со намера да му продаде осигурителна полиса на непознатиот човек.

Кога стигнал и сфатил дека таа адреса не постои, измамен тргнал кон својот дом. Но, таму ја пронашол својата мртва сопруга. Таа била убиена додека тој одел на договорениот состанок. Полициската истрага траела кратко. За нејзиното убиство очигледно бил виновен таинствениот Р. М. Куалтрог. Но, кој бил тој? Вилијам Валас, заклучила полицијата. Тие тоа го објасниле со тврдење дека Валас сам ја испратил пораката за да има алиби.

Но, вработениот во шаховскиот клуб бил сигурен дека гласот од телефонскиот повик не бил на Валас. Во неговиот стан имало крв насекаде, а тој на себе немал ни капка крв. Исто така, убиената сопруга разговарала со некој доставувач, токму во моментот кога Валас излегувал од дома. Се верува дека полицијата лошо си ја завршила работата, па за среќа судот го ослободил. Таинствениот Куалтрог никогаш не бил идентификуван и уапсен, а денес постои сомнеж дека тоа бил поранешен вработен во осигурителната куќа каде што работел Валас.

5. Повик кој оживеал нерешен случај стар 25 години

(3)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Младата Џудит Хајамс исчезнала без трага во 1965 година, во Корал Гејблес, Флорида. Нејзиниот автомобил бил пронајден во Атланта, со крв на задното седиште. Хајамс била бремена и од неодамна разведена, па со оглед на општествените и културните ставови во тоа време во САД таа била многу осудувана.

Хајамс само неколку денови претходно имала договорено нелегален абортус со унгарскиот доктор Џорџ Хадјуа кој немал добра репутација. Тој бил обвинет за „завера да се изврши абортус“, но се извлекол со кауција и избегал од земјата. Брзо потоа сите заборавиле на изчезнатата девојка.

Две и половина децении подоцна, во 1990 година полицијата во Корал Гејблес добила телефонски повик од радио водител од Небраска кој тврдел дека има информации за исчезнувањето на младата девојка. Кога полицаецот го возвратил повикот, на другата страна се јавила збунета личност која немала идеја за што зборува полицаецот. Водителот му објаснил дека никогаш не се јавил и дека не знае која е таа жена.

На крај се открило дека во полиција се јавил сосема друг човек од друга држава, кој себеси се претставил како познатиот радио водител. Подоцна имало уште еден повик и мажот кој се јавил тврдел дека Хајамс е жива и дека живее во Омаха. Дали се работело за шега? Веројатно. Но, во тоа време било многу тешко да се дојде до податоци за случаи од пред 25 години во сосема друга сојузна држава.

Полицискиот наредник кој бил надлежен за новоотворениот случај ја повикал екипата од емисијата „Нерешливи мистерии“, а после нејзиното емитување му стигнало анонимно писмо каде што пишувало:

„Џудит Хајамс не е жива. Дојде да изврши абортус, но кога доби инјекција со анестетик нејзиниот организам реагираше доста бурно. Имаше алергиска реакција. Сѐ што можеше да се преземе, беше преземено, но реакцијата беше фатална. Телото беше фрлено во заливот Бискејн.“

Никој од засегнатите никогаш не бил пронајден, ни оние кои се јавиле, ни телото на несреќната Џудит.

6. Анонимниот повик што ја најави смртта на Џон Кенеди

(4)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mk

Смртта на еден од најомилените претседатели на САД е најчеста тема на авторите на теории на заговор. Сите кои ги отфрлаат таквите теории сигурно нема да се среќни со последниот мистериозен повик на оваа листа.

Некаде околу 10 часот наутро, телефонскиот оператор во Окснард, Калифорнија примил повик:

„Претседателот ќе умре во следните десет минути!“

Поминале десет минути, а жената од другата страна на врската зборувала дека во 10:30 ќе се пука од сите прозорци. Токму тогаш и го прекинала повикот.

Операторот ги отфрлил заканите бидејќи претседателот добивал по десетина закани секој ден. Дополнително влијаели фактот што Кенеди не бил во Калифорнија во тој момент. Но, ова сепак се случило на 22 ноември 1963 година. Претседателот во тој момент бил во поворката во Далас. Во 10:30, како што предупредил женскиот глас од анонимниот повик, Џон Кенеди бил убиен со истрел од прозорец.

Интересно е што Кенеди требало порано да ја помине делницата каде што бил убиен, но доцнел бидејќи се ракувал и разговарал со граѓаните. Операторот подоцна се присетил дека женскиот глас во 10:10 часот му рекол дека претседателот ќе умре во 10:30, додека во позадина се слушнало ѕвонење на друг телефон. Значи таа ја добила информацијата од убиецот или од некој негов соработник.

Иако се работи за вистински случај и полицијата никогаш не открила кој се крие зад женскиот глас, теоретичарите на завери велат дека тоа била актерката Карин Купкинет. Таа била пронајдена мртва шест дена после убиството на претседателот. Се верува дека имала доверливи информации поврзани со убиството на Кенеди, со оглед на тоа што нејзиниот татко бил пријател со Џек Раби, човекот кој кој го убил Ли Харви Освалд – осомничениот за убиството на претседателот. За жал, личноста и локацијата од која бил направен повикот никогаш не се откриени, а истрагата вели дека се работи за случајно предвидување од страна на некоја параноична жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар