6 правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

6 правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Како дел од аристократско семејство, Дијана Спенсер беше совршена принцеза. Многу брзо ги засени останатите членови на семејството со нејзините постапки и однесувања. Таа им покажа на луѓето дека не е ѕвезда од друга галаксија, туку обична личност како сите нас. Погледнете како Дијана го прекршувала кралскиот протокол и какво влијание имало тоа на британското кралско семејство.

1. Сама си го одбрала вереничкиот прстен

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

По правило, вереничките прстени на кралските парови се порачуваат од познати златари, а како камења се користат семејни реликвии. Принцезата Дијана не ја почитувала оваа традиција и одбрала прстен што ѝ се допаднал од некој каталог. Прстен што бил далеку од најскапиот. Нејзиниот накит бил пренесен и го носеше Кетрин, војвотката од Кембриџ, односно сопругата на принцот Вилијам.

2. Таа е првата жена од кралското семејство што се породила надвор од палатата

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Женските членови на кралското семејство се пораѓаат во палатата каде што ја има целата потребна опрема. Дијана решила да ги роди и двете деца во болница. Војвотката од Кембриџ го следеше нејзиниот пример, па се породи во истата болница како и Дијана.

3. Дијана имала свое мислење за тоа како да ги одгледува децата

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Порано минувањето премногу време со децата не било прифатливо во кралските семејства. Исто така децата не оделе никаде во странство со нивните родители, а било „забрането“ и покажувањето љубов. Дијана не сакала да ги следи овие норми и ги одгледала нејзините деца на поразличен начин. Не сакала долго да биде одвоена од нив, па малите Вилијам и Хари често ги придружувале нивните родители на патувањата во странство.

Покрај тоа, наследниците на тронот прво имале домашно училиште пред да одат во формално. На Дијана не ѝ се допаѓало ни ова, па Вилијам и Хари се првите наследници на тронот кои оделе во градинка. Дијана сакала да го направи нивното детство што е можно понормално. Дури користела и јавен превоз додека излегувала со нив.

4. Дијана била многу отворена со „обичните“ луѓе

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Името на принцезата Дијана директно е поврзано со добротворност. Таа не била единствената што посетувала болници и засолништа, но покажувала најмногу отвореност и искреност. Прегрнувала луѓе инфицирани со ХИВ додека многумина сè уште се сомневаа во безбедноста на оваа постапка. Брзо го засенила принцот Чарлс, луѓето ја обожуваа и стана симбол и икона на нејзината генерација.

Исто така забрането е да се допираат членовите на кралското семејство. Но Дијана често прегрнувала деца и болни луѓе.

5. Не ѝ било страв да ги открие нејзините чувства

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Дијана беше постојано следена од медиумите. И покрај ова, таа отсекогаш била искрена со новинарите, понекогаш дури и премногу. Во тајно интервју од 1995-та година изјавила дека имала проблеми со сопругот. Набрзо потоа тие се разведоа.

6. Дијана експериментирала со нејзиниот изглед

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

И покрај строгиот кодекс за облекување за официјални настани кој Дијана секогаш го прекршуваше, принцезата сепак изгледаше елегантно, тренди и убаво. Исто така воопшто не ѝ било срам да експериментира – еднаш носела ланче како тијара. Дијана стана првата жена од кралското семејството која носела панталони на официјален настан. Таа стана вистинска модна револуционерка во палатата, а ова ја направи и стилска икона.

Какво влијание имале овие постапки на монархијата?

6-те правила на кралското семејство што биле променети од принцезата Дијана

Принцезата Дијана имала големо влијание на монархијата без да биде свесна за тоа.

„Го следам моето срце, не мојата глава. Сепак тоа често предизвикува проблеми. Но би требало да има некој кој е близок со луѓето, кој ќе ги сака и кој ќе им ја покаже оваа љубов“, изјавила таа.

Кралицата научила дека постоењето на монархијата целосно зависи од мислењето на јавноста. Кралското семејство стана поотворено. Прославите повеќе не се во затворени церемонијални сали, туку се одржуваат пред палатата и се добредојдени сите Лондончани.

Кршењето на протоколите од страна на Дијана е почеток на нова ера во кралското семејство. Принцезата му покажа на целиот свет дека членовите на кралското семејство не се конзервативни, туку се сосема обични луѓе со нивни среќи и таги.

Прочитајте ги и овие урнебесни цитати кои докажуваат дека кралското семејство има смисла за хумор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар