Ќе ви се заледи крвта: 6-те најстрашни нешта што постојат на планетава
Не треба да сте љубител на хорор жанрот за да разберете зошто највпечатливите приказни се инспирирани од вистински настани. Дури ни најужасното чудовиште не може ниту да се спореди со најстрашните нешта што постојат на Земјата. Фиктивниот хорор е измислен и знаеме дека не може навистина да ни излезе вампир доцна во ноќта, иако понекогаш самата помисла на тоа знае да нѐ држи будни. Но, доколку ве фасцинираат чудни, необични и страшни работи кои навистина постојат во реалноста, тогаш прочитајте за следниве 6 феномени од кои несомнено ќе ве полазат морници…
1. Лимнички ерупции
Доколку не се плашите од езера, отсега па натаму ќе почнете. Лимничките ерупции се природна катастрофа при која разни видови гасови, најмногу јаглерод диоксид и метан, се натрупуваат на дното од длабока водна површина и одеднаш се ослободуваат како последица на некоја сеизмичка активност, ерозија или стрес. Кога меурот од гасови ќе ја достигне површината, настанува ерупција од вода и гасови кои го надвладуваат чистиот воздух и уништуваат сѐ пред себе. Во 1986, лимничка ерупција во езерото Ниос убила 1.700 луѓе во радиус од 25 километри, многу од кои се згушиле од ослободениот јаглерод диоксид. Оваа катастрофа се случила во рурална област, а сепак оставила многу жртви. Доколку нешто вакво се случи во урбана област, бројот на жртви би бил незамислив. Лимничките ерупции се многу ретки, но сепак откако ќе дознаете за нив нема да можете да гледате во длабочините на езерото без да се прашувате што се крие на дното.
2. Подводни пештери
Подводните пештери се прекрасни за гледање, но и неверојатно опасни. Постојат многу случаи на нуркачи кои изгубиле ориентација и не знаеле како да се вратат на површина поради што се удавиле. Освен тоа, постојат многу темни области кои се страшни сами по себе поради темнината, а којзнае и што се крие во нив.
3. Болтон стрид
Болтон стрид на прв поглед делува како тесен, тивок поток која ја разладува шумата, толку мал што би можеле да го прескокнете во еден обид. Но, неговата длабочина е всушност непозната и има многу силна водна струја. Од него нема никој излезено жив, а телата на жртвите никогаш не биле пронајдени иако се верува дека ги има многу. Се наоѓа во Јоркшир, Англија и е дел од текот на реката Варф. Горниот тек на реката е широк околу 9 метри, но во близина на Болтон се стеснува на 2 метри. Потокот е можеби тесен, но камењата околу него предизвикуваат водата да тече неверојатно брзо и длабоко создавајќи празнина под брегот каде што разни предмети, вклучувајќи и луѓе, остануваат заробени. Доколку сте љубопитни погледнете го следново видео од Болтон Стрид…
4. Бодликаво растение (Dendrocnide Moroides)
Станува збор за растение кое ако го допрете ќе ви предизвика неверојатна болка која може да трае со години. Болката претставува еден вид пецкање кое може да доведе до агонија. Во 1963 година, Ерни Рајдер имал блиска средба со растението и завршил со повреди на лицето и торзото.
„Два или три дена болката беше речиси неподнослива. Не можев ниту да работам ниту да спијам, а болката беше многу силна уште неколку дена. Пецкањето траеше 2 години и одново се појавуваше секогаш кога се туширав со ладна вода. Нема ништо што може да се рамни со оваа болка, таа десет пати полоша од сѐ друго на светот“, изјавил Рајдер.
Растението може да се најде во Австралија и претставува еден вид бодликаво дрво кое очигледно боцка. Многу. Еден ентомолог болката ја има опишано како „најлошата болка што можете да си ја замислите, како да сте се изгореле со жешка киселина и да сте претрпеле електрошокови истовремено“.
5. Сибирските замки
Сибирските замки се голема формација на вулкански камења во Русија кои можеби не се повеќе активни, но голема е веројатноста дека биле најстрашното нешто на планетата за време на Пермијанскиот период пред околу 250 милиони години. Периодот завршил брзо и ненадејно со мистериозното „Масивно изумирање“ за време на кое најмалку 90% од растителниот и животинскиот свет бил уништен во најголемото истребување познато во историјата на Земјата. Каква улога имаат замките во сето ова? Се верува дека Сибирските замки се остатоци од масовните вулкански ерупции кои во голема мера имале удел во Пермијанското изумирање.
6. Кордицепс (Cordyceps Fungus)
Ова ужасно нешто е познато и под прекарот зомби габа. Станува збор за паразитски габи кои ги колонизираат инсектите, а популарни се по тоа што можат да го контролираат мозокот на домаќинот. Кога оваа габа ќе влезе во телото на мравка, на пример, нејзините клетки ослободуваат разни хемикалии кои го контролираат нејзиното однесување. Габата потоа ја присилува мравката да се вгнезди на дното од некој лист пред да ја убие и пред да израсне стебло од главата на жртвата преку кое ќе пренесе уште спори на останатите мравки.