6-те најчудни средновековни болести

6-те најчудни средновековни болести

Животот на повеќето луѓе кои живееле во Средниот век бил краток и суров. Нехигиенските услови и навики довеле до ширење на некои ужасни болести. Како последица на општото незнаење и вербата во суеверија, луѓето барале спас од бескорисните терапии кои понекогаш уште повеќе ги влошувале симптомите. Од необјаснетите лудила на 2 крала, па сѐ до ненадејно излечената чума што се јавила помеѓу селаните во Париз, ова се 6-те најчудни средновековни болести.

1. Злото на кралот

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? Злото на кралот предизвикувало безболни црни маси во пределот на вратот. Како што болеста напредувала, така масите пукале и се создавале големи отворени рани. Но, лекот за болеста бил уште почуден од самата болест. Се верувало дека допирот на кралот може да ја излечи болеста. Всушност, во еден Англикански молитвеник била опишана церемонија во која кралот им давал „свети“ парички на заразените луѓе. Документирано е дека Кралот Хенри Шести на Франција допрел и излечил 1.500 заболени од оваа мистериозна болест.

Која била причината за болеста? Скрофула е помалку познат вид туберкулоза што ги зафаќа лимфните јазли, а не белите дробови. Моменталната терапија за болеста вклучува земање антибиотици 9 до 12 месеци. Иако можеби не би сакале да бидете на антибиотици цела година, сигурно побрзо би се излечиле вака отколку кога докторот би ви препишал кралски допир како терапија.

2. Водно џуџе

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? Луѓето кои страдале од оваа болест имале рани, црни нокти и насолзени очи. Се верувало дека болеста била предизвикана од вештерски убод. Исто како и злото на кралот, така и оваа болест се лекувала со некои чудни терапии. Заболените внесувале различни растенија и билки потопени во пијалак од јачмен (слично на пиво) и потоа морале 3 пати да ги отпеат првите стихови од една средновековна песна и да го повторат рефренот.

Која била причината? Иако изворот на болеста е непознат, симптомите се слични на оние што се јавуваат кај ендокардитис, инфекција на внатрешната површина на срцето. Ендокардитис се јавува кога некоја бактерија што заразила еден дел од телото стигнува до срцето преку крвотокот. Денес, оваа болест е ретка и најчесто се јавува кај луѓето со слабо срце. Со оглед на тоа што средновековните терапии за бактериски инфекции и срцеви заболувања не биле воопшто ефективни, не е ни чудо што оваа болест била толку распространета во Средниот век.

3. Огнот на Свети Антонио или епидемијата во Париз

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? Кога луѓето од Париз почнале да добиваат болни чиреви и рани, единствениот лек бил посетата на црквата Сент Мери. Таму, Иго Велики ги лекувал болните со неговото свето жито. Болните брзо оздравувале, но веднаш штом се врателе дома, повторно им се појавувале ужасните рани.

Која била причината? Ергот (мораво рокче) е габа што расте на ’ржта во ладни и влажни услови. Кога зрната ќе бидат измелени и претворени во леб, луѓето ја внесуваат габата и нејзиното труење започнува. Постојат 3 различни видови ерготизам: Гангренозен, конвулзивен и халуциноген. Во случајот со париската епидемија, луѓето заболувале од гангренозен тип ерготизам. Па, зошто пациентите оздравувале кога оделе во црквата Сент Мери? Одговорот е едноставен. Житото на Иго Велики било чувано во подобри услови и тоа не било заразено со ергот. Па така, кога луѓето јаделе од неговото жито, нивниот ерготизам се лекувал, но кога ќе се врателе дома, тие го консумирале нивното заразено жито и повторно се труеле.

Продолжете на следната страница за останатите мистериозни болести од Средниот век…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар