6-те главни карактеристики што ги поседуваат сите успешни жени
Ако сте ја читале книгата „Препушти се“ (Lean In) од Шерил Сендберг и ги знаете сите дијалози од „#ДевојкаШеф“ (#GirlBoss) на Софија Аморусо, тогаш можеби би биле заинтересирани за оваа нова студија што тврди дека ги открила 6-те карактерни црти што сите успешни жени ги имаат за заеднички.
Калипер, глобална фирма за менаџмент и консултација, решиле да ги откријат клучните карактеристики така што студирале група од 85 жени што биле на високи менаџерски позиции. Секоја од нив направила тест за личност и одговорила серија прашања за својот успех.
Истражувањето открило дека шесте најчести карактеристики помеѓу професионално успешните жени се:
- Наметливост
- Агресивност
- Емпатија
- Его-сила
- Толеранција за стрес
- Енергија
Според објаснувањето на Калипер, резултатите значат дека успешните жени се директни во својот комуникативен стил, можат да ги движат проектите кон напред, ги разбираат и се поврзуваат со чувствата на другите, удобно им е во околина со високо ниво на стрес и се ентузијастични за својата работа.
Од друга страна пак, овие резултати не се нешто сосема неочекувано – изгледа очигледно дека треба да знаете како да го држите својот став, да бидете возбудени за својата кариера и да не „пукнете“ под притисок ако сакате да се искачите на корпиративната скала сè до врвот, но сепак е добар потсетник за оние што се борат со која било од овие карактеристики.
Учете од нив: 3 реченици што сите успешни жени ги кажуваат без страв!