6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Многу луѓе редовно одат во ресторани и таму ја нарачуваат својата омилена храна. Но, дали знаете дека во менијата се кријат голем број стапици, за кои гостите воопшто не се свесни? Тие се првото нешто што го барате во ресторан, па логично е и да се уредени на начин на кој гостите би се убедиле да земат повеќе храна и пијалаци. Издвоивме 6 најчести тајни на менијата.

1. Фотографии од храната

(1) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Рестораните знаат дека доколку покрај името и описот на јадењето, стават и прекрасно дизајнирана фотографија, постојат поголеми шанси луѓето да го нарачаат тој специјалитет. Фотографиите ги обземаат луѓето при нарачувањето, па малкумина се тие кои ќе се заинтересираат за цената. Таа е речиси незабележлива покрај вкусната риба, печеното месо или убаво сервираните салати.

2. Најевтините јадења се на дното од листата и на крај од менито

(2)6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Иако знаете дека на менито можете да најдете хамбургер или некое јадење по многу прифатлива цена, додека да дојдете до него ќе ги видите сите вкусни јадења кои ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви отворат апетит. На крај, иако сте мислеле тој ден да поминете со поевтин ручек, сепак ќе нарачате некој специјалитет кој е неколку пати поскап од сендвичот кој првично сте мислеле да го нарачате.

3. Ако некое јадење ви изгледа многу скапо, тоа навистина е многу скапо

(3) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Во менијата, веројатно многу често сте виделе некои понуди со вртоглаво високи цени. Во првиот миг ќе си помислите дека најверојатно тоа е неколку пати повисока цена од реалната и верувајте, во право сте. Но, и покрај тоа, многумина ја нарачуваат токму таа порција со месо, морски плодови или разни зеленчуци. Во моментите кога ја нарачуваат си мислат „Висока е цената, но веројатно вреди“.

4. Различната големина на порциите е уште една мамка

(4) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Веројатно некогаш сте се нашле во тешка ситуација во која требало да одлучите дали да нарачате мала, средна или голема порција од вашите омилени шпагети, лазањи, пржени компирчиња… Тоа создава чувство дека малата порција нема да ви биде доволна, иако многупати се покажало дека не е така. Па затоа ќе нарачате поголема порција, а количината на храна е речиси иста. Затоа, најдобро би било да го замолите келнерот да ви ја покаже разликата во големината на чиниите во кои се служат различните порции од јадењата.

5. Избегнувајте додатоци

(5) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Многу ресторани, покрај основните јадења, нудат и одредени додатоци кои би требало да го збогатат вашиот ручек или вечера. Тие го привлекуваат вниманието, затоа што се најчесто различни сосови, компирчиња, зеленчук на скара. Иако на прв поглед изгледа како нешто што природно треба да го нарачате, на крајот ќе сфатите дека сте можеле да поминете и без нив, а сметката е многу повисока со нив.

6. Рецептите на „баба“

(6) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

Речиси и да нема менија во рестораните, каде што покрај неколку јадења не е допишано дека тоа се прави „По рецептот на баба“. Кај луѓето тоа предизвикува топлина, убави емоции и носталгија, па поради тоа без размислување нарачуваат некоја пита, супа или печено месо, кое би требало да биде направено по некој рецепт кој со години се пренесува од колено на колено. Овие јадења обично имаат повисоки цени, затоа што треба да потсетуваат на дом и на топлина, но најчесто се покажува дека не е така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар