6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Добро познат факт е дека Менделеев го видел периодниот систем на елементите во сон. Но, важно е да се спомене и дека толку долго работел на тој проект, што сонот е логичен заклучок. Сепак, многу од големите откритија што ја промениле историјата се случиле ненадејно. Овие случајни изуми целосно ја промениле нашата реалност.

1. Бетон зајакнат со железо

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

На една изложба во Париз во 1867-ма година, францускиот градинар Жозеф Мониер го претставил својот изум – бетонски цреп со вградена железна мрежа. Мониер работел во градините Тилери. Во текот на летото растенијата што биле одгледувани во бетонски црепови ги носеле надвор, а во зима ги внесувале во стакленик. Цреповите постојано пукале поради промената на температурата. За да ги направи поиздржливи, Мониер почнал да експериментира со железна мрежа која ја вметнувал во бетонските црепови. Тој забележал дека најиздржливи биле цреповите во кои мрежата била поставена и хоризонтално и вертикално. Па изумот на бетон зајакнат со железо може да му се припише него.

2. Нобелова награда

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Во 1888-ма година, Алфред Нобел бил изненаден кога го видел својот некролог во еден француски весник. Некрологот, се разбира, бил згрешен, бидејќи починал Лудвиг Нобел, братот на Алфред. Кога го прочитал некрологот, Алфред се загрижил за наследството што ќе го остави по својата смрт. Па, решил да го промени својот тестамент и целото свое богатство го оставил со цел да се создаде серија награди за луѓе кои најмногу ќе му помогнат на човештвото. Оттука е родена Нобеловата награда.

3. Безбедносно стакло

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Во 1903-та година, францускиот научник Едвард Бенедиктус работел во неговата лабораторија кога несакајќи скршил стаклена епрувета. Тогаш забележал нешто интересно – стаклото не било целосно скршено, туку само напукнато и епруветата сè уште ја имала својата форма. Излегло дека во епруветата се наоѓале остатоци од целулозен нитрат кој кога се исушил го заштитил садот однатре. Во тој период автомобилите имале обично стакло, кое во сообраќајните несреќи ги повредувало патниците. Кога Едвард прочитал за уште една автомобилска несреќа во еден весник, почнал да експериментира со неговото откритие и го измислил безбедносното стакло. Тоа се состоело од 2 слоја стакло со слој од целулозен нитрат помеѓу нив. Кога се загревала, целулозата се топела и ги лепела слоевите стакло. Научникот го патентирал својот изум и го нарекол триплекс стакло. Хенри Форд бил првиот кој почнал да го користи стаклото во неговите автомобили во 1919-та година.

4. Радиоактивност

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Во 1896-та година, францускиот научник Анри Бекерел експериментирал со неодамна и случајно откриените рендгенски зраци. Тој се обидувал да открие дали постои поврзаност помеѓу овие зраци и солите на ураниум. Бекерел користел минерал со соли на ураниум за својот експеримент. Го држел минералот на сончева светлина и кога го споил со метален предмет на фотографска плоча, се појавила слика. Прецизноста не била доволна за него и претпоставил дека причината е недоволно сончева светлина, па решил да го проба експериментот на посончев ден. Но, природата не сакала да соработува и тој ги тргнал минералот и фотографската плоча, заедно со крст настрана покривајќи ги со темно платно. Неколку денови подоцна го развил филмот и забележал дека се појавила фотографија од крстот. Тогаш сфатил дека радијацијата нема никаква врска со сончевата светлина.

5. Анестезија

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Во 1844-та година, Хорас Велс присуствувал на демонстрација од страна на Гарднер Квинси Колстон, хемичар и забавувач. За време на демонстрацијата еден аптекар бил затруен со хидроксид. Додека бил под дејство, аптекарот не реагирал кога ги удирал своите нозе. Следниот ден Велс го направил истото – вдишал хидроксид и замолил некој од неговите колеги да му извади заб. Операцијата била безболна, па докторот решил да го користи гасот на неговите пациенти. Кога Велс сакал да го демонстрира откритието пред неговите колеги, не успеал најверојатно поради малото количество гас. Пациентот плачел од болка, а колегите се шегувале на сметка на Велс. И неговите понатамошни обиди за анестезија биле неуспешни. Покрај тоа, во овој период се користеле хлороформ и етер, па хидроксидот бил заборавен.

Во 1848-ма година Велс извршил самоубиство. Си ја пресекол феморалната артерија додека бил под дејство на хлороформ кој му ја намалил болката. Речиси 20 години подоцна, Колтон, со кого почнува историјата на анестезијата, почнал успешно да го користи методот на Велс кој евентуално се проширил низ Америка, а потоа и Европа.

6. Ботокс

6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

Во 1987-ма година, докторката Џин Карутерс прв пат употребила ботокс за убавина. Смесата ѝ била инјектирана на жена која имала нарушување поради кое ѝ се затворале очните капаци. По некое време, пациентката се вратила и побарала уште една инјекција. Кога Џин ѝ рекла дека нема потреба од тоа бидејќи нарушувањето исчезнало, пациентката ѝ рекла дека ботоксот ѝ го подобрил изгледот. Тогаш Џин му предложила на својот сопруг, дерматологот Алистер Карутерс, да проба да користи ботокс за третман на брчки. Џин и рецепционерката во болницата станале првите пациенти кои пробале ботокс за намалување на брчките.

Погледнете и кои се најшокантните откритија од минатата година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар