6 рок класики настанати од шега

6 рок класики настанати од шега

Иако ние веруваме дека најголемите музички хитови се направени со многу љубов и внимание, сепак тоа не е секогаш така. Понекогаш генијалноста на големите музичари испливува на површина сосема случајно. Токму следните шест класични рок хитови се настанати на таков начин – од шега.6 рок класики настанати од шега

Loser – Beck

Хитот кој го вивна Бек меѓу рок легендите е создаден во кујната на продуцентот Карл Стивенсон. Бек почнал да рапува, Карл снимал, а кога ја пуштил снимката за да ја преслушаат, Бек се изнасмеал затоа што звучело многу лошо и саркастично запеал: „I’m a loser, baby, so why don’t you kill me“. Сепак, Карл не го делел неговото мислење и го убедил да ја снимат песната со новиот стих. Откако таа биле пуштена на едно калифорниско радио, станала голем хит, а продуцентските куќи започнале војна за да потпишат договор со него.

Sweet Child O’Mine – Guns ‘n Roses

Еден од најпознатите гитарски рифови на сите времиња за малку немало ниту да дојде до ушите на публиката. Кога Слеш се обидел да отсвири нешто што наликувало на циркуска мелодија правејќи му смешни фаци на тапанарот Стивен Адлер, Аксл Роуз бил убеден дека го имаат новиот хит. Слеш не сакал од неговата шега да прават песна, но по кратко убедување прифатил да ја стават на албумот за да го пополни просторот. Останатото е историја.

Stuck in the Middle with You – Stealers Wheel

Насловот можеби не ви е многу познат, ама мелодијата сигурно сте ја слушнале. Многумина мислат дека овој хит е дело на Боб Дилан, но тој всушност е направен за да го исмее токму него. На Stealers Wheel не им се допаѓало тоа што во своите текстови Боб Дилан ги генерализира разните групи луѓе нарекувајќи ги кловнови и џокери, па направиле текст кој е пародија на сè што тој отпеал дотогаш. Тешко е да се утврди дали успехот на песната се должи на имитирањето на Боб Дилан, но достигнувањето на шестото место на Билборд листата во 1973 не е мала работа.

Cum On Feel the Noize – Quiet Riot

Оваа песна успеала да стигне до петтото место на Билборд топ 100 листата, што е одличен успех со оглед на тоа што членовите на бендот не сакале таа воопшто да излезе во јавност. Кога нивниот продуцент им рекол да направат кавер верзија на постара песна, ним тоа не им се допаднало, па кога влегле во студиото се погрижиле да звучи ужасно. Тапанарот не обрнувал внимание на гитарите, а вокалистот буквално вриштел. Сепак, публиката поинаку реагилрала на оваа шега и добиле голем хит.

(You Gotta) Fight for Your Right (to Party) – Beastie Boys

Бисти Бојс се уште еден бенд кој се обидел да исмее некого, но завршил со рок класика. Мразејќи ја рок сцената од осумдесеттите, напишале „бесмислен забавен текст“ наречен „Мора да се бориш за правото на забава“, на кој додале по некој едноставен риф и тапани. Изненадени од големиот успех на нивната шега, направиле видео кое требало да биде подеднакво смешно. Сепак, кога сфатиле дека публиката која ја слуша музиката која ја исмеваат е виновна за големиот успех, престанале да го изведуваат овој хит во живо.

Smells like Teen Spirit – Nirvana

Smells like Teen Spirit на Nirvana ја смени мејнстрим музиката во деведесеттите преку ноќ и денес важи за најдобрата рок класика од оваа декада. А сепак, не настанала преку сериозна и макотрпна работа. На ѕидот од собата на Курт Кобејн еден негов пријател со спреј напишал „Курт мириса на Teen Spirit“, односно на дезодорансот на неговата девојка. На славниот рокер ова му звучело некако револуционерно, па се обидел да ја исмее оваа мисла. Напишал текст, а потоа и саркастична музика која имала за цел да ја исмее „More Than a Feeling“ на Boston. Идниот светски хит бил експресно одбиен од членовите на бендот. Курт сепак ги натерал да ја свират одново и одново околу час и половина, по што попуштиле.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. nikola Reply

    billy joel – we didn’t start the fire the best one !!!

Остави коментар